Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
=== Бугарија и Константинопол===
 
По покорувањето на српските земји, Османлиите се свртиле кон земјите на денешна [[Бугарија]]. За оваа кампања се зазчувани оскудни сведоштва, но ниту еден извор не ги раскрива мотивите за нивниот почеток. Се смета дека по крајот на Косовската битка, бугарскиот цар Шишман повеќе не сакал да биде вазал на османлискиот султан, исто како и својот брат во [[Видин]] кој се потчинал на [[Кралство Унгарија]]<ref>BOGDAN, „Eine bulgarische Urkunde des caren Joan Stracimir", Archiv für Slavische Philologie, XVII (1895).</ref>. Според српските летописи, Трново бил заземан на [[17 јули]] [[1393]] година, но самиот Шишман управувал уште две години. Налагањето на османлиска власт во [[Србија]] и [[Бугарија]] ја ограничила можноста на унгарскиот напад по текот на реката [[Дунав]]. Поради ова, Бајазит започнал подготовка за зазимање на [[Константинопол]], град кој одамна ја имал изгубено својата величенствена гордост, главно поради постојаните династички пресметки помеѓу византиските династии. Индиректно, самиот град бил управуван од страна на султанот бидејќи тој налагал големи даноци.
 
Во [[1391]] година, нов император станал Јован V, кој следната година се оженил за [[Елена Драгаш]]. Во зимата 1393-1394 година, императорот бил повикан од страна на Бајазит во [[Сер]], заедно со вазалите [[Константин Драгаш]], [[Теодор Драгаш]] и [[Стефан Лазаревиќ]]. Мануел одбил да присуствува па затоа во тоа време се случила и опсадата на градот. По ова следувала венецијанска интервенција кои ги испратиле своите галии, а го советувале на императорот да не го напушта градот туку да побара помош од самиот папа во [[Рим]] и западноевропските кралеви. Во јули истата година венецијанскиот сенат објавил дека било многу сигурно Бајазит да се повлече бидејќи во Анадолија бил застрашен од страна на монголскиот владетел [[Тимур]].
 
=== Влашка===