Старословенски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: kv:Важ славян кыв
с ситна поправка
Ред 27:
[[Податотека:Jazik_slovenski_izvorno.PNG|thumb|десно|500px|Оригиналното име на јазикот, напишано со [[Старословенско писмо|старата кирилица]]]]
 
== Историја и поважни особини на јазикот ==
{{Словени}}
Со големата преселба на народите дошло до раселување на многу народи и племиња, меѓу кои биле и [[Словени]]те. Кон крајот на [[VI век]] од нашата ера словенските племиња веќе ја имале напуштено својата (претпоставена) прататковина во [[Закарпатие]]то и се раселувале низ [[Европа]]. Раселувањето се движело главно во три правци: на исток низ [[Источноевропска низина|Источноевропската низина]], на запад кон средна Европа и на југ кон [[Балкан]]скиот Полуостров. Со распадот на оваа „племенска“ заедница на [[Прасловени|старите словени]], дошло до јазично раслојување на словенските говори, односно на распад на прасловенската јазична заедница. Така се оформиле три големи групи дијалекти: источна, западна и јужна група. Секоја од овие групи пројавила (создала) сопствени особини кои ја разликувале од останатите, но се претпоставува дека овие разлики биле (до средината на [[IX век]], т.е. до запишувањето на првите словенски зборови) сè уште мали и ''не толку'' значајни за да пречат во дирекната комуникација помеѓу говорителите на различни дијалекти. Од друга страна, пак, овие групи биле своевидни конгломерати, па во секоја од нив се јавувале поддијалекти. Така, крајот на [[VI век]] се смета за крај на постоењето на единствената прасловенска јазична заедница.