Птоломеј II Керавн: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Птоломеј II Керавн''' (? - [[279 п.н.е.]]) бил [[кралеви на Античка Македонија|крал]] на [[Македон]]ија од [[281 п.н.е.]] до [[279 п.н.е]].
 
Бил најстар син на [[Птоломеј I СотерСотир]] (владетел на [[Египет]]) и неговата трета жена Евридика (ќрка на [[Антипатар]]). Неговиот помлад брат, исто по име Птоломеј, станал престолонаследник и, во [[282 п.н.е.]], седнал на престолот како [[Птоломеј II Филаделф|Птоломеј II]]. Птоломеј Керавн го напуштил Египет и пристигнал на дворот на [[Лизимах]], кралот на [[Тракија]], [[Македон]]ија, и дел од [[Мала Азија]]. Неговата полусестра [[Арсиноја II]] била жена на Лизимах.
 
За време на престојот на дворот на [[Лизимах]], Керавн се здружил со сестра си во дворска интрига, и ја придружувал до дворот на [[Селевк I Никатор|Селевк]] на исток да бара помош од него. Гледајќи можност за интервенција во своја полза во политиките на Лизимахова Тракија и Птолемаидски Египет, [[Селевк]] набргу се приготвил за поход против [[Лизимах]].