Разлика помеѓу преработките на „Осман I“

Додадени 59 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
Првите воени дејствија Осман ги презел против Византија. Во 1281 година станал бег на племето Каји, и како цел поставил да ги обедини сите туркски народи во една држава. Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref>По падот на [[Согут]], териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]], а по ова паднала [[Никеја]] ([[Изник]]) - најголемиот византиски град во Анадолија.
 
Во 1284 година селџукскиот султан Алаедин III му го отстапил градот Ескишехир. Во 1291 година ја зазел тврдината Кулача. Во 1299 година дошло до распаѓање на [[Селџукска империја|Селџукската империја]] и територијата во голема мера паднала под негова власт. Во 1300 година паднала тврдината Јенишехир. Реоните кои ги освоил биле управувани од страна на неговите синови и браќа. Така со Ескишехир управувал неговиот брат Ѓундуз, со Караџахисер Хасан, Инеѓул од Тургут. Подалечните територии биле управувани од страна на неговите команданти. На тој начин Осман ги направил своите поделени територии зависни едни од други. По паѓањето на Енишехир, започнала опсадата[[Опсада на поголемитеБурса|опсадата градовина Бурса]] и [[Опсада на Никеја (1331)|Никеја]]. Зазимањето на византиските територии продолжило и во [[1306]] година бил потпишан првиот воен договор на империјата со [[Византија]]. Во текот на овој период голем дел од населението на овие простори го примил исламот[[ислам]]от, а меѓу нив имало дури и византиски принцови како Косе Михаил на пример. Заедно со својата армија тој се присоединил кон силите на Осман и по тој начин неговите тврдини Ефке, Мезек и Акхисар преминале под управата на Осман.
 
Во [[1320]] година Осман се разболел и власта преминала во рацете на неговиот син Орхан Гази. Во негово време за прв пат започнал да се собира данок од продадените стоки наречен [[тимар]].
Осман починал во [[1326]] година во [[Согут]]. Негов наследник станал неговиот син [[Орхан I]]. Посмртно ја добил титулата Гази, односно свет исламски војник од страна на своите наследници. Во времето кога новиот султан се качил на престолот, неговите поданици го благословиле со зборовите ''Да бидеш голем како Осман''.