Список на земјите по ИЧР: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: [[Податотека:2011 UN Human Development Report Quartiles.svg|мини|400п|Карта на светот по квартили на ИЧР за ...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 33:
Ова е '''список на сите земји по [[индекс на човеков развој]]''' ('''ИЧР''') според Извештајот за човеков развој на [[УНДП|Програмата за развој]] на [[ООН]]. Најновиот извештај е [http://hdr.undp.org/en/reports/global/hdr2011/ објавен] на 2 ноември 2011 и се темели на проценките за 2011 г. Опфаќа 185 земји-членки на ООН (од вкупно 193), заедно со [[Хонгконг]] (НР Кина) и [[Палестинска Самоуправа|Палестинските територии]]. Не се наведени осум членки на ООН поради недостаток на податоци. За споредба е даден и просечниот ИЧР на региони во светот и групи земји.
 
[[Индекс на човеков развој|Индексот на човековиот развој]] (ИЧР) е споредбена мерка за изразување на [[очекуван животен век|очекуваниот животен век]], [[писменост]]а, [[образование]]то, [[животен стандард|животниот стандард]] и [[квалитет на животот|квалитетот на животот]] за секоја од [[држава|земјите]] ширум светот. Претставува и стандарден начин на изразување на благосостојбата, особено онаа на децата. Овој индекс е показател за тоа дали земјата е [[развиена земја|развиена]], [[земја во развој|во развој]] или [[најнеразвиена земја|неразвиена]], а го изразува и влијанието на економската политика врз квалитетот на животот. Творци на индексот се пакистанскиот [[економија|економист]] Махбуб ул Хук<ref>{{цмс|url=http://hdr.undp.org/en/humandev/reports/|title=Историја на Извештајот за човековиот развој|accessdate=26 март 2009|publisher=[[УДНПУНДП]]}} {{en}}</ref> и индискиот економист [[Амартја Сен]].<ref>{{цмс|title=Концептот за човеков развој |url=http://hdr.undp.org/en/humandev/|publisher=UNDP|accessdate=29 јули 2011|year=2010}} {{en}}</ref>
 
Земјите се делат на четири категории на човеков развој. Секоја од нив содржи 47 земји, освен една, која има 56. Категориите се следниве: Многу висок човеков развој, Висок човеков развој, Среден човеков развој и Низок човеков развој.