Историја на Евреите во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
Турските владетели и народот не биле заедно со антиеврејски пропаганди, и спрема Евреите се однесувале како и спрема сите други немуслимански народи, и имале исти граѓански права, а еврејските рабини се изедначиле со христијанските свештеници. Тие, имале право да живеат секаде во империјата, да ја исповедаат својата вера и без пречки да тргуваат. Најмногу Евреи во овој период има во градовите [[Битола]], [[Охрид]], [[Бер]] и [[Костур]] каде имало еврејски општини. Градот Солун, благодарение на Евреите станал значаен трговски и текстилен центар, но биле населени во [[Солун]] и многу [[Турци]], така да градот добил и ориентален елемент. Способните Евреи, биле ценети од страна на Турците, а тоа се докажува со изборот на неколку еврејски рабини, од страна на [[султан]]от, во државниот совет, така наречен [[Диван]]. Султан [[Мехмед II]] преселил многу Евреи во [[Охрид]] и во [[Цариград]], каде се до [[19 век]] постоела [[Охридска синагога|Охридската синагога]].
 
Десетици илјади Евреи побегнале од Шпанија и Португалија и султанот [[Бајазит II]] со добредојде ги пречекал во [[Отоманската Империја]]. Тие набрзо се стекнале со одредени права во рамките на Империјата, меѓу кои право на лична сопственост и изградба на [[Синагога|синагоги]].<ref>"''Macedonia and the Jewish people''", A. Assa, Skopje, 1992, p.36.</ref>. Поголемите македонски градови како што се Скопје, Битола и Штип привлекле голем број Евреи и оваа заедница била во мошне добри односи со останатото население во Македонија.<ref name="ce-review.org">[http://www.ce-review.org/00/4/daskalovski4.html Remembering the Past - Jewish culture battling for survival in Macedonia, Zhidas Daskalovski]</ref> Голем број од Евреите го зборувале јазикот ладино. Новодојдените Евреи биле многубројни од староседелците. Тие биле со висока културна свест, знаеле јазици, а многу од нив имале завршено шпански и португалски универзитети. Нов бран на Евреи има со повикот на рабинот Царфати во [[1475]] година, да дојдат во Турција, каде имаат загарантирана безбедност и работа. Дојдените Евреи, најмногу се населиле во [[Солун]] и сами го нарекуваат градот „''мајка на Израел''“. Од овој период датираат и првата отворена печатница во Цариград и Солун како и првите печатени книги на еврејски јазик. Доселувањето продолжило во 15 и 16 век, но во помали групи, семејства и слично.
 
Најмногу Евреи се населувале во Солун, Битола, Скопје, Бер, Сер.
 
=== Број ===