Титаник (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 77.28.119.125 (разговор), вратено на последната верзија на Vagobot
Ред 38:
 
[[1912]], Роуз Девит Букатер заедно со својата мајка Рут и свршеникот Каледон “Кал” Хоклеј, заминуваат на [[Титаник]] како припадници на првата класа. Исфрустрирана поради свршувачката со Кал и неговата опсесија за непрекинато контролирање на нејзиниот живот, Роуз се обидува да се самоубие, но ја спасува Џек Девсон, млад и сиромашен уметник. Тие двајца на почетокот развиваат пријателски однос, но се завршува како вистинска љубовна, и страствена врска. Кал дознава дека Роуз се дружи со Џек, и ѝ забранува да се гледа со него. Напоредно, Џек и Роуз се наоѓаат, и тој и вели дека чуствува нешто кон неа, на што таа се преплашува, бидејќи е свршена за друг човек, и го одбива Џек. Но сепак, Роуз подоцна му го понудува своето срце на Џек, отварајќи пат на забранета романса. Џек ја замолува Роуз да ја наслика на двосед, носејќи го на себе само скапоцената огрлица “Срцето на океанот”. Слугата на Кал, Спајсер Ловеј започнува да ги брка Џек и Роуз, но тие успеваат да избегаат и се упатуваат кон паркингот за автомобили на бродот, каде во еден автомобил водат љубов. Роуз одлучува дека после што бродот ќе исплива во пристаништето во Њујорк, ќе побегне со него. Но набргу потоа, бродот се судира со голема санта мраз. Кал во меѓувреме го открива цртежот на Роуз, и се заколнува дека ќе му се одмазди на Џек, така што го остава накитот во капутот на Џек, додека овој не обрнува внимание. Џек ќе биде однесен во кабината во која бродскиот полицаец го носи во ќелија, и го остава со Спајсер. Неодлучната Роуз најпосле го напушта Кал, и одбива да влезе во чамецот за спасување со Рут, и заминува да го спаси Џек. Роуз успева да го пронајде Џек, и го спасува од ќелијата, и тие двајца заминуваат на палубата на бродот. Но, октриваат дека екипата на бродот не пушта луѓе од третата класа на палубата сè додека прво не ги спасат луѓето од првата и втората класа. Џек во бес ја крши вратата, и така тој, Роуз и уште неколку луѓе успеваат да побегнат. Кал и Џек успеваат да ја довлечат Роуз во чамецот за спасување, но бидејќи сфаќа дека може да го изгуби Џек, таа излегува од чамецот и го сретнува Џек покрај скалите за првата класа. Бесен, Кал го зема пиштолот на Ловеј и ги грабнува Џек и Роуз во просториите во бродот. После што му исчезнува муниција, Кал им поскаува смрт на Џек и Роуз, и набргу сфаќа дека го оставил накитот во својот капут, кој го носи Роуз. Кал оди на палубата и дознава дека има само уште два чамци за спасување, и зема едно расплакано дете кое го пронашол на палубата, и влегува во еден од чамците. Роуз и Џек сфаќаат дека чамците за спасување веќе ги нема, и одлучуваат да останат во бродот сè додека не потони. Напоредно, бродот се препловува на половина, и почнува последната битка, во која бродот и сите останати на него, потонуваат во ледено ладната вода на океанот.
Џек и Роуз се разделуваат во моментот на потонувањето на другата половина на бродот, но успеваат да се сретнаат. Околу нив, илјадници луѓе замрзнати умираат од мраз. Во еден чамец за спасување, Маргарет “Молу” Браун ги гледа нив двајцата и му вели на возачот да се врати да ги спаси и другите луѓе, но тој одбива бидејќи ќе потонат нивните чамци. Џек и Роуз во меѓувреме во ладните води на [[Атлантик]]от се борат за живот. Џек и ветува на Роуз дека таа ќе преживее и дека ќе доживее долг живот, исполнет со среќа. Во моментот кога еден од возачите доаѓа да ги провери луѓето кои останати во морето по потонувањето на бродот, Роуз се обидува да го пробуди Џек, но сфаќа дека тој умрел од студ. Во тој момент, Роуз губи надеж и одлучува да умре заедно со Џек, но се сетува на ветувањето кое и го кажа Џек, и Роуз се одлучува и ја пушта раката на Џек, и тој потонува во длабочината на океанот. Роуз конечно е спасена заедно со уште петорица луѓе од водата, и сите преживуваат и заминуваат на бродот Карпатија. На палубата на Карпатија, Роуз го приметува Кал. Кога тој погледнува во неа, таа се завртува и тој заминува. Тоа беше последен пат кога таа го видела Кал жив. Доаѓањето на Њујорк, Роуз на бродот Карпатија се регистрирала под името “Роуз Девсон”.Титаник удрил во санта мраз во Северниот Атлантик на 14 април 1912 а потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Потонувањето завршило со огромни загуби 1517 патници загинале , што е една од најголемите поморки несреќи.
Ова видео е вовед за документарецот кој ќе се прикажува на National Geographic на 8-ми април.
 
{{ОскарФилм}}