Абрахам Маслоу: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Тој е прво родено дете од вкупно седум деца во семејство на емигранти од [[Русија]]. Неговите родители се надевале на подобар живот во [[САД]] и го форсирале своето дете да постигне одличен академски успех. Во текот на своето детство Маслов се чувствува осамено и единствено сигурно засолниште за него претставувале книгите.
 
За да ги задоволи своите родители Маслов најпрво запишува Правен факултет. Нешто подоцна се жени со неговата прва братучетка Берта Гудман, спротивно на желбата на неговите родители. Абрахам и Берта ќе имаат две ќерки. Тој и Берта заминуваат за [[Висконсин]], каде што тој ќе ја изучува психологијата. Дипломира на Универзитетот во Висконсин во [[1930]], магистрира во [[1931]], а докторира во [[1934]] година. На овој универзитет работи со [[Хари Харлов]], познат по изучувањето на емоционалното врзување кај резуз мајмуните. Една година по дипломирањето Маслов разминува во Њујорк каде што работи со [[Е.Л.Торндајк]]. Во тоа време Маслов се интересира за сексуалноста кај луѓето.
 
Подоцна станува редовен професор на универзитетот во [[Бруклин]]. За време на овој период од неговиот живот, тој ќе запознае многу интелектуалци од [[Европа]] (луѓе како [[Алфред Адлер]], [[Ерих Фром]], [[Карен Хорнај]] и уште неколку [[гешталт]] и фројдовски ориентирани психолози) кои ќе емигираат во [[Америка]], особено во [[Бруклин]].