Македонски народни носии: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава en:Macedonian national costume
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Македонски фолклор}}
'''Народните носии во Македонија''' имаат вековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на сиот [[Македонци|македонски народ]], тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од [[Балкан|Балканот]]. На најстариот културен слој - старобалканскиот, како и на традициите на цивилизациите на стара [[Грција]], се надоврзува културата на облекувањето на старите [[Словени]], кои во силните налети од V до VII век го населуваат овој дел на Балканскиот полуостров. Во понатамошните културни текови се надоврзува влијанието на [[Византија|византиската цивилизација]], како и силниот уплив на турско - ориенталните елементи, па сè до најновите струења од запад.