Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.29.90.102 (разговор), вратено на последната верзија на Raso mk
Ред 73:
== Внатрешни судири во Римската држава ==
 
[[File:Spartacus II.JPG|лево|thumb|Смртта на Спартак]]Воените походи придонеле за уште поголемо раслојување на [[население|населението]] на богати и сиромашни. Офицерите се враќале со огромен плен на бродови и на коли, а војниците во торби и во кесиња. Намесниците пак, [[даночник|даночниците]] и [[чиновник|чиновниците]] во новите [[провинција|провинции]] преку разни злоупротеби земале не колку што треба, туку колку што ќе најдат. Бројот на [[роб|робовите]] нагло се зголемил и имало бесплатна работна сила за огромните земјишни имоти на римската аристократија, наречени латифундии. Нивните поефтини производи со бесплатен робовски труд безмилосно ги конкурирале поскапите производи на [[селанец|селаните]] и [[занаетчија|занаетчиите]], па тие осиромашувале и пропаѓале. Политичките прилики во државата нагло се влошиле со селските бунтови и барања за аграрна реформа, заканувајки се да прераснат во [[граѓанска војна]].
 
Со освојувачките војни на римската држава нагло се зголемил бројот на робовите. Од нив, во особено незавидна положба биле т.н. [[гладијатор|гладијатори]], коишто биле специјално обучувани за меѓусебни борби или за борби со диви ѕверови во [[арена|арената]] заради задоволување и забава на публиката. Токму тие и го кренале големото [[востание на робови|востание на робовите]] предводено од [[Спартак]] што траело од [[73 година пред нашата ера|73]] до [[71 година пред нашата ера|71]] година пред н.е. Тоа се проширило на цела [[Јужна Италија]]. Римјаните очекувале напад на [[Стар Рим|Рим]], но намерата на востаниците била да ја напуштат [[Италија]] кон своите родни краеви. Ова најмасовно робовско востание во светската историја било крваво задушено. Но тоа длабоко ја разнишало римската држава.
 
За да го стишат гневот и незадоволството на сиромашните римски граѓани, вештите римски [[политичар|политичари]] и извршиле воена реформа и граѓанската војска што била распуштена по секоја војна била земена со [[наемничка војска]].
{{Никулец од областа на историјата}}