Римокатоличка црква: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
с Отстрането уредувањето на 178.222.102.184 (разговор), вратено на последната верзија на JAnDbot
Ред 1:
{{Христијанство}}
'''Римокатоличката црква''' е една од основните форми на [[Христијанство|христијанската вероисповест]] и ги вклучува сите цркви, кои го признаваат врховенството на [[Папа|римскиот папа]]. Како и повеќето други христијански цркви, и Римокатоличката црква себе си се смета за наследник и продолжувач на првобитната црква, основана од [[Исус Христос]]. Римокатоличката и [[Православие|Источно-православната црква]] се разделуваат на две посебни за време на [[Големата Шизма|Источно-Западната шизма]] во [[1054]] година. И двете цркви се приемници на првичната Христова црква, но традициите и [[богослужба]]та кај двете цркви се различни.
 
Друга суштествена разлика меѓу двете цркви е и фактот што за разлика од Источно-православната црква, чиј врховен поглавар ([[Вселенски патријарх]]) може да биде само [[Грци|Грк]] по народност (и тоа, според постојните турски закони, само доколку е роден во [[Турција]]), во Римокатоличката црква [[Папа]]та може да биде од било која народност.
 
== Историја ==
=== Петар и потеклото на папството ===
 
Околостите околу животот и смртта на [[Апостол Петар]], како и неговата точна локација на неговите останки во голема мера денеска остануваат [[мистерија]]. Во времето на [[рано христијанство|раното христијанство]], раните христијани не оставиле голем број на пишани документи. Најголемата документација околу христијанската заедница во [[Рим]] како и активностите и мисионерството на Петар се наоѓаат во [[Ватикан]].<ref>Burg 605</ref>
 
[[Папа Климент I|Климентовото]] [[Посланија на Климент|Писмо]] кое било напишано во [[96]] година<ref name="fn_2">{{цитирана веб страница|url=http://www.newadvent.org/fathers/1010.htm|title=Letter of Clement to the Corinthians}}</ref> го потврдува страшниот прогон на раните христијани од [[Рим]]<ref name="Gröber, 510">Gröber, 510</ref>.
 
Попради исправените посланија и неговите христијански убедувања, [[Свети Игнатиј Антиохиски]] бил осуден на смрт од страна на Римјаните<ref name="fn_3">{{цитирана веб страница |url=http://www.crossroadsinitiative.com/library_article/244/Letter_of_Ignatius_of_Antioch_to_the_Romans.html |title=Letter of Ignatius of Antioch to the Romans}}</ref>Годините помеѓу [[166]] и [[176]] година, бискупот од [[Коринт]], Дионисиј изјавил дека апостолите [[Апостол Павле]] и Петар биле во градовите [[Коринт]] и [[Рим]], каде што го проповедале [[Евангелие|Евангелието]].<ref>Gröber 511</ref> Во околу [[190]]-[[200]] година, римскиот свештеник Гај пишува околу одбрната на својата [[Христијанство|христијанска вера]]<ref>Roman priest, Caius, refers to the tombs of SS. Peter and Paul : "I can show you the trophies [[tombs]] of the apostles. If you go to the Vatican or on the road to Ostia you will see the trophies of those who founded this church</ref><ref>Gröber 511-512</ref> за Ирениј (починал [[202]]), кој го потврдил основањето на [[Римокатоличка црква|Римокатолилчката црква]] од страна на Петар и Павле.<ref>Gröber, 512</ref>
 
За разлика од историските погледи околу потеклото на папството и околностите за животот на Петар во Рим кои не се целосно документирани, библиските темели од [[Нов Завет|Новиот Завет]] дава целосна слика за тоа. Според Новиот Завет, во сите евангелија апостол Петар е сметан како лидер над сите останати [[апостол|апостоли]]. Во [[Четири евангелија|евангелијата]] на [[Апостол Матеј (Евангелист)|Матеј]], [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]], [[Апостол Јован (Евангелист)|Јован]] и [[Апостол Марко (Евангелист)|Марко]] исто така се споменува Петар како водач над сите апостоли, како прв ученик кој бил повикан од [[Исус]].<ref>Duffy,3</ref>
 
Околу догмата и според традицијата на Римокатоличката црква за нејзиното основање, таа пред се се потпира врз изводите од [[Библија|Библијата]] во [[Евангелие на Матеј|Евангелието на Матеј]]:
 
{{cquote|И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.” <ref>[[Евангелие на Матеј]]: Chapter 16, Verse 18.</ref><ref>http://www.mkbible.net/biblija/index.php</ref>}}
Но, оваа послание кон Петар не се манифестирало само во оваа понуда. По [[Исусово воскресение|воскреснувањето]], [[Исус Христос]] го поверил Петар како “''мандатор''“ за распространување на новата вера<ref>http://www.mkbible.net/biblija/index.php</ref>(Јован, 21:15). Во [[Евангелие на Лука|Евангелието на Лука]] се вели:
 
{{cquote|Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!” (Лука, 22:31)<ref>http://www.mkbible.net/biblija/index.php</ref>}}
 
Сепак, некои некатолички научници сметаат дека Исус не планирал да формира црква која ќе владее над сите.<ref>K Weiss Exegetisches zur Irrtumslosigkeit in Neutestamentliche Abhandlungen, 1916, 4,5</ref>
 
===Империјалната ера: 42-395 ===
 
Голем број на папи во првите три векови од христијанската ера претставуваат нејасни фигури. Поголем дел од нив се прогласени за [[христијански маченици|маченици]], во периодот на [[христијански прогони|христијанските прогони]]. Христијанството успеало да одолее на нападите на императорот [[Диоклецијан]], но не само тоа, туку успеало да привлече голема маса на народ. Христијанството за прв пат било легализирано во времето на императорот [[Галериј]], кој го издал указот за толеранција на сите религии, вклулувајќи го и христијанството, во [[април]] [[311]] година.<ref>De Mortibus Persecutorum ("On the Deaths of the Persecutors", chapters 34, 35)</ref>Императорот [[Галериј]] во [[311]] година бил еден од последните императори кои извршиле прогон на христијанското население од империјата<ref>Lactantius, [http://www.ucalgary.ca/~vandersp/Courses/texts/lactant/lactpers.html#XXXIV ''De Mortibus Persecutorum''] ("On the Deaths of the Persecutors") ch. 35–34</ref>. [[Константин I Велики]] и [[Лициниј]] во [[313]] година го издале т.н. [[Милански едикт]], со кое христијанската вера се прогласила за рамноправна [[религија]] во империјата. Константин станал првиот христијански император кој според некои историчари, лично ја прифатил новата [[религија]]. До [[391]] година, во времето на владеење на императорот [[Теодосиј I]], христијанството станало најраспространета религија во [[Римска империја|Римската империја]].
 
По [[Милански едикт|Миланскиот едикт]], црквата ја усвоила владината структура на црквата во рамките на империјата: со географските провинции владееле епископи. [[Рим]] не бил единствениот град кој можел да игра специјална улога во црквата. [[Ерусалим]] имал голема улога во тој период, како место на [[Христово распнување|распнувањето]] и [[Исусово воскресение|воскреснувањето]] на [[Исус]], место каде што за прв пат наследниците на Исус биле наречени христијани, и место каде се одржал [[Ерусалимски собор на апостолите|Ерусалимскиот собор на апостолите]]. [[Константинопол]] станал многу важно место за империјата и црквата по преместувањето на престолнината на империјата од [[Рим]] во времето на [[Константин Велики]] во [[330]] година.
 
Со Миланскиот едикт, христијанството било признаено за рамномерна религија во империјата.
 
===Големата Шизма===
 
Разликите во христијанското единство кое довело до [[Голема Шизма|Големата Шизма]] во [[1054]] година започнало да се чувствува уште во [[4 век]]. Причината за [[Голема Шизма|Големата Шизма]] не се гледало само во духовните разлики, но и во [[култура|културните]], [[политика|политичките]] и [[јазик|јазичните]] разлики. [[Теологија|Теолозите]] чие потекло водело од [[Западна Европа]] предимно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е философијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува [[грчки јазик|грчкиот јазик]], а додека во западниот [[латински јазик|латинскиот јазик]]. За разлика од [[Коптска православна црква|Коптската]] и [[Ерменска апостолска црква|ерменската црква]], кои се разделиле во [[5 век]], источната и западната црква останале подолго лојални кон верата. Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот авторитет - [[Папа|Папата]] тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторите само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот симбол.
 
Со расколот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папите кој [[Православие|Православната црква]] не го прифаќа. Повеќе од папите го форсираат унијатството: така [[Папа Пиј IX]] во енциклопедијата "''Litterae ad Orientales''" ([[1848]]), [[Папа Лав XIII]] во "''Praeclara Gratulationis''" ([[1894]]), Пиј во "''Rerum Orientalis''" ([[1928]]) и "''Lux veritas''" ([[1931]]). Во [[декември]] [[1854]] година, [[Папа Пиј IX]], папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis". Во 1894 година, папа Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во [[1950]] година, во [[ноември]] папите Пиј ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на [[Дева Марија]] (во апостолската конституција ,,''Munificentissimus''").
 
===Крстоносни војни===
 
Папа Урбан II е најмногу познат поради започнувањето на [[Прва крстоносна војна|Првата крстоносна војна]]. Урбан II организирал грандиозен [[Собор во Клермон|црковен собор]] во [[1095]] година во градот [[Клермон]] ([[Франција]]), каде тој ги повикал [[христијанство|христијаните]] на поход кон [[Света земја|Светата земја]] ([[Ерусалим]]) се со цел да биде ослободен [[Светиот Гроб|гробот на Исус Христос]], при кое обеќал простување на учесниците и нивните гревови.
 
Крстоносните војни во почетокот имале голема корист за Римокатоличката црква, која го проширила своето влијание врз територијата на некогашните византиски провинции. Во текот на Крстоносните војни, самите крстоносци се соочиле со големи внатрешни политички, економски и социјални судири. Поради овие конфликти помеѓу христијанските кралства и политичките сили, некои од крстоносните походи завршиле со голем неуспех за крстоносците. Така на пример, целта на четвртата крстоносна војна била освојување на Константинопол, но дошло до противење кое довело до одложување на истото за неколку години (1204).
 
===Авињонско папство и Реформација===
[[Податотека:BNMsItal81Fol18RomeWidowed.jpg|мини|лево|200п|Средновековна карта на Рим од тој период. Цртежот го претставува градот Рим, како вдовица која жали за губитокот на папството.]]
 
[[Авињонско папство]] е периодот во историјата на римокатоличката црква од [[1305]] до [[1378]], кога папска престолнина бил градот [[Авињон]] во [[Франција]]. Францускиот крал Филип IV убавиот успеал да се наметне при изборот на францускиот кардинал Климент V за папа и да ја папаската столица во Авињон. Во тој период, папаството и францускиот кралски двор соработувале до [[1342]], а потоа следувало силно влијние на францускиот двор до [[1378]]. Во [[1378]], папата повторно се преселил во [[Рим]], но тогаш настанала поделба и дошло до [[Западна шизма|Западната шизма]] (1378-1417). Западната шизма е раскол во [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] во [[1378]] година.<ref>http://www.britannica.com/EBchecked/topic/640848/Western-Schism</ref> По смртта на [[Папа Григур XI]], изборот на нов папа се одвивало во многу напрегнета атмосфера. Многу [[кардинал|кардинали]], кои биле со потекло од [[Франција]] сакале престолнината да ја вратат во [[Франција]], а италијанските кардинали сакале новиот [[папа]] да биде италијанец со седиште во [[Рим]]. На [[8 април]] [[1378]] година, една толпа го превзела дворецот на зградата каде што се заседавало за изборот на нов папа. На овој начин, бил избран новиот [[папа Урбан VI]]. По ова, француските кардинали изборот го објавиле како неважечки и го повикале новиот папа да се откаже од престолот. За папа тие го избрале [[папа Климент VII|Климент VII]]. Од друга страна пак, и [[папа Урбан VI|папата Урбан VI]] не го признавал легимитетот на Климент и создал свој сопствен кардиналски совет. Така бил ставен почетокот на големата западна шизма која продолжила 40 години. На страната на папа Урбан VI застанале [[Германија]], [[Италија]], [[Полска]] и [[Скандинавија]] а на страната на папа Климент VII застанале [[Франција]], [[Шпанија]] и [[Португалија]]. Се смета дека законскиот папа била Урбан, а Климент бил т.н. [[антипапа]]. Во одлуката да се врати во [[Рим]], врз папата големо влијание имала и Катерина Сиенска, која проповедала враќање во Рим. Со враќањето во Рим (1378) започнало ново прекинување на папата и во [[Рим]] и во [[Авињон]]. Тое са нрекува Западна шизма, која завршила дури во [[1417]] со неколку совети, меѓу кои и оној во [[Констанца]]. Резултат на ова било воспоставувањето на црковни совети, кои имаат поголема власт од папата. Сепак тоа не валадеело долго по [[1417]]. За нов папа бил избран [[Папа Мартин V]].
 
===Реформација===
 
Голем број на протестантски реформатори, вклучувајќи ги и [[Мартин Лутер]], [[Жан Калвин]], [[Томас Крамер]], [[Џон Кнокс]], [[Котон Матер]] и [[Џон Весли]], римскиот папа го нарекле односно идентификувале како [[анархизам|анархист]]. Во почетокот на [[16 век]], се создало движење против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер и [[Улрих Цвингли]] во [[1517]] година. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква. Повод за почеток на борбата за реформа на католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на Базиликата Свети Петар во [[Рим]]. Во [[1517]] година на вратата на [[Витембершка црква|Витембершката црква]] ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал [[Евангелие|Евангелието]] да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на [[латински]] (ја превел [[Библија|Библијата]]), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатсво, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "[[Лутеранство]]", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела [[Германија]] и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот Папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како [[ерес]] и побарал Лутер да се откаже од 95-те тези.
[[Податотека:Reformation.gif|thumb|200px|Реформацијата и Противреформацијата во Европа. Протестантските земји се обоени со сина, католичките со маслинеста боја.]]
 
Лутер го одбил барањето, а Папата со папска була (писмо) го исклучил од Католичката црква. Лутер не се уплашил од заканите на Папата, и јавно ја изгорел папската була на плоштад, како резултат на што дошло до раскнување на врските меѓу Лутер и Папата. Учењето на Лутер брзо се ширело низ цела Германија опфаќајки ги сите слоеви на општеството. Преку реформа на црквата богатото граѓанство барало евтин а црква која би ги штитела нивните интереси, кнезовите барале одземање на имотите на Католичката црква, и таа да биде потчинета, а селаните и сиромашните граѓани барале освен црковна и реформа во општеството, да се ослободат од феудалната експлоатација. Меѓутоа Реформацијата имала и свои противници. Освен папата, еден дел од благородништвото на чело со императорот не го прифатиле учењето на Лутер. На соборот во [[Вормс]] [[1521]] година тоа било забрането, а Лутер бил прогонет. Тој се засолнал кај германските кнезови кои биле приврзаници на Реформацијата.
 
[[Контрареформација|Контрареформацијата]] или католичката реформација била религиозно-политическо движение во [[Европа]] како реакцијата на [[римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] против протестанската реформација, односно враќање на католичката вера во местата каде што биле заземени од [[протестанство|протестанството]]. Контрареформацијата завршила со [[Трентскиот собор]]. Се обновила дејноста на [[инквизиција|инквизицијата]]. Во [[Европа]], оваа реформација на некои места доживеала успех, но не целосен.
 
===Модернизам===
 
Во [[1796]] година од страна на [[Наполеон Бонапарта]] биле заземени градовите [[Анкона]] и [[Лорето]]. [[Папа Пиј VI]] побарал склучување на мир. Со [[договор од Толентино|договорот од Толентино]], француските страни добиле големо обесштетување каде голем дел од ватиканските уметнички дела биле прдадени на [[Французи|Французите]]. На [[28 декември]], еден француски генерал бил убиен во Рим кај француската амбасада во градот. Ова многу ги налутило французите, по кое француските армиски единици се насочиле кон Рим . По инвазијата на [[Наполеон Бонапарта]] и зазимањето на [[Италија]], во [[1798]] година францускиот генерал [[Луис Александре Бартиер]] влегол во [[Ватикан]] и [[Папа Пиј VI]] го зел како заложник. Папата бил одведен во [[Франција]] каде што и починал. Главниот град на Италија бил [[Фиренца]] од [[1865]]. По победата над папски сили и бунтовници, уништувајќи го [[кралство на двете Сицилии|кралството на двете Сицилии]] успеале да ја заземат територијата на Папската држава. Така, по тринаесет векови, Рим повторно станал престолнина на обединета Италија. Папите од [[1870]] до [[1929]] година не го признавале создавањето по таков начин на [[Кралство Италија]]. Во текот на овие години тие целосно биле изолирани во делот на Рим, кој денеска е познат под името [[Ватикан]]. Покасно, [[1929]] година папата Пиј XI формално се одрекол од поседот на Папската држава и го потпишал [[Латерански договор|Латеранскиот договор]] на [[11 февруари]] [[1929]] година со Италија, која формирала град држава, [[Ватикан]].
 
===Ватиканска ера===
 
Латеранскиот договор од [[1929]] година претставува договор помеѓу [[Света престолнина|Светата престолнина]] и [[Италија]]. Договорот ги определил правата и привилегиите на католичката црква во составот и во Италија. Договорот бил потпишан на [[11 февруари]] [[1929]] година во Латеранскиот апостолски дворец (''Palazzo Laterano'').
 
Според договорот, католицизмот бил признаен за единствена државна религија во Италија, а на Светата престолнина и бил признаен светскиот суверенитет. [[Ватикан]] формално бил признаен како суверена територија, која е управувана од страна на Светиот Престол, денеска познат како град Ватикан (''Citta del Vaticano''). Со ова, биле утврдени и границите на земјата. Освен правата и привилегиите на католичката црква, државата изгласила 10 неработни денови во годината, во кој има црковни празници, а исто така и денот недела бил прогласен за неработен. Епископите се обврзиле кон верност иприврзаност кон кралот на Италија, како државен глава на земјата.
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
[[Категорија:Римокатоличка црква| ]]
 
{{Link FA|id}}
{{Link FA|la}}
 
[[af:Rooms-Katolieke Kerk]]
[[als:Römisch-katholische Kirche]]
[[ang:Rēmisc Cirice]]
[[ar:الكنيسة الرومانية الكاثوليكية]]
[[an:Ilesia Catolica]]
[[roa-rup:Bisearica Romacatholicã]]
[[frp:Égllése catolica romana]]
[[ast:Ilesia Católica]]
[[az:Roma-Katolik kilsəsi]]
[[bn:রোমান ক্যাথলিক চার্চ]]
[[zh-min-nan:Thian-chú-kàu-hoē]]
[[be:Каталіцкая царква]]
[[be-x-old:Каталіцкая Царква]]
[[bg:Римокатолическа църква]]
[[bs:Rimokatolička crkva]]
[[br:Iliz katolik roman]]
[[ca:Església Catòlica Romana]]
[[ceb:Simbahang Katoliko]]
[[cs:Římskokatolická církev]]
[[cbk-zam:Iglesia romano catolico]]
[[cy:Yr Eglwys Gatholig Rufeinig]]
[[da:Romerskkatolske kirke]]
[[pdc:Gedollisch]]
[[de:Römisch-katholische Kirche]]
[[nv:Ééʼ néíshoodí]]
[[et:Katoliku kirik]]
[[el:Καθολική Εκκλησία]]
[[eml:Cèsa Catòlica]]
[[en:Catholic Church]]
[[es:Iglesia católica]]
[[eo:Romkatolika Eklezio]]
[[ext:Elésia católica]]
[[eu:Erromatar Eliza Katolikoa]]
[[fa:کلیسای کاتولیک]]
[[hif:Roman Catholic Church]]
[[fo:Rómversk-katólska kirkjan]]
[[fr:Église catholique romaine]]
[[fy:Roomsk-katolike tsjerke]]
[[ga:Eaglais Chaitliceach Rómhánach]]
[[gd:Eaglais Chaitligeach]]
[[gl:Igrexa Católica Romana]]
[[hak:Thiên-chú-kau]]
[[ko:로마 가톨릭교회]]
[[hy:Հռոմի Կաթոլիկ եկեղեցի]]
[[hi:कैथोलिक गिरजाघर]]
[[hr:Rimokatolička Crkva]]
[[id:Gereja Katolik Roma]]
[[ia:Ecclesia Catholic]]
[[is:Rómversk-kaþólska kirkjan]]
[[it:Chiesa cattolica]]
[[he:הכנסייה הקתולית]]
[[jv:Gréja Katulik Roma]]
[[ka:რომის კათოლიკური ეკლესია]]
[[csb:Katolëcczi Kòscół]]
[[kw:Eglos Katholik Romanek]]
[[sw:Kanisa Katoliki]]
[[la:Ecclesia Catholica Romana]]
[[lv:Romas katoļu baznīca]]
[[lb:Kathoulesch Kierch]]
[[lt:Romos Katalikų Bažnyčia]]
[[li:Roems-Kathelieke Kèrk]]
[[lmo:Catolicesim]]
[[hu:Római katolikus egyház]]
[[mg:Fiangonana Katolika]]
[[ml:കത്തോലിക്ക സഭ]]
[[mt:Knisja Kattolika]]
[[mr:कॅथलिक चर्च]]
[[arz:كنيسة الروم الكاتوليك]]
[[ms:Gereja Katolik Rom]]
[[mwl:Eigreija Católica]]
[[nah:Catolicismo Romano]]
[[nl:Rooms-katholieke Kerk]]
[[nds-nl:Rooms-Katholieke Karke]]
[[ne:रोमन क्याथोलिक चर्च]]
[[ja:カトリック教会]]
[[no:Den katolske kirke]]
[[nn:Den romersk-katolske kyrkja]]
[[nrm:Égllise catholique]]
[[oc:Glèisa Catolica Romana]]
[[pnb:کیتھولک چرچ]]
[[tpi:Katolik]]
[[nds:Röömsch-kathoolsche Kark]]
[[pl:Kościół katolicki]]
[[pt:Igreja Católica]]
[[ro:Biserica Romano-Catolică]]
[[qu:Kathuliku Inlisya]]
[[ru:Римско-католическая церковь]]
[[sah:Католик Таҥара дьиэтэ]]
[[sco:Roman Catholic kirk]]
[[stq:Katoolske Säärke]]
[[sq:Kisha Katolike Romake]]
[[scn:Chiesa Cattòlica Rumana]]
[[si:කතෝලික සභාව]]
[[simple:Catholic Church]]
[[sl:Rimskokatoliška cerkev]]
[[szl:Rzimskokatolicki kośćůł]]
[[ckb:کڵێسای کاسۆلیکی ڕۆمانی]]
[[sr:Католичка црква]]
[[sh:Katolička crkva]]
[[fi:Katolinen kirkko]]
[[sv:Romersk-katolska kyrkan]]
[[tl:Simbahang Katoliko Romano]]
[[ta:கத்தோலிக்க திருச்சபை]]
[[te:కాథలిక్ చర్చి]]
[[th:โรมันคาทอลิก]]
[[tr:Katolik Kilisesi]]
[[uk:Римо-Католицька Церква]]
[[ur:رومن کیتھولک]]
[[vec:Cexa Catòłica]]
[[vi:Giáo hội Công giáo Rôma]]
[[vls:Katholieke kerke]]
[[war:Singbahan Katoliko Romano]]
[[yi:קאטוילישע קירכע]]
[[yo:Ìjọ Kátólìkì]]
[[zh-yue:天主教會]]
[[bat-smg:Ruomas Katalėku Bažnīčė]]
[[zh:天主教會]]