Инвестициска банка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
 
== Основни функции на инвестициските банки ==
Џон. Ф. Маршал смета дека наспроти големите промени во последните децении, денес инвестициското банкарство можеме да го дефинираме како „се она што го работат инвестициските банки”.<ref>[http://escadron.blog.rs/blog/escadron/generalna/2009/11/30/investiciono-bankarstvo Escadron.blog]</ref> Сепак, нивната главна активност е на примарниот [[пазар]], каде што нивни клиенти се [[корпорациja|корпорациите]] и [[држава|државните]] институции кои сакаат да дојдат до [[капитал]] преку издавање [[обврзници]] и акции.
 
Постојат четири основни функции на инвестициските банки, поврзани со примарниот пазар:<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Скопје: Економски факултет, 2009, стр. 355.</ref> ''советодавна функција'', ''административна функција'', ''осигурителна функција'' и ''дистрибуција''.
# ''Советодавна функција'' – Една инвестициска банка најпрвин го советува и му помага на својот клиент (корпорација или државна институција), правејќи оценка за неговите потреби од финансиски средства. Таа му дава совети во поглед на условите на пазарот, го запознава со придобивките и [[трошоци]]те од различните можности на мобилизирање на средствата и посочувајќи ја најповолната инвестициска стратегија која ќе одговори на потребите на клиентот
 
# ''Административна функција'' – Откако финансиската стратегија ќе биде усвоена, инвестициската банка може да ја извршува административната функција со која му помага на својот клиент при издавањето на хартиите од вредност. Оваа функција вклучува голем број детаљи поврзани со новата емисија, како што се: чување на податоците, пренос на сопственоста, расчистување на [[даноци|даночните]] и регулаторните прашања итн. Инвестициската банка ја дели одговорноста со издавачот во поглед на обезбедувањето дека се е направено во согласност со релевантните прописи за хартиите од вредност. За извршувањето на оваа функција, инвестициската банка наплаќа провизија
 
# ''Осигурителна функција'' – Кога инвестициската банка му гарантира на клиентот дека ќе ги откупи неговите хартии од вредност по фиксна цена, се вели дека таа ја потпишува (осигурува) понудата на хартии од вредност (underwriting). Доколку инвестициската банка одреди превисока [[цена]], таа е изложена на ризик, во случај да не биде во состојба да ги продаде хартиите од вредност по цена доволна за да ја покрие гарантираната фиксна цена. Од друга страна, ако банката понуди многу ниска цена, т.е. ги потцени хартиите од вредност, тогаш таа ќе биде победена од своите конкуренти, кои ќе понудат повисоки гарантирани цени. Заради тоа, точното вреднување на хартијата од вредност е многу важно за успехот на банката. Инаку, инвестициската банка го остварува својот [[профит]] со продажба на нови хартии од вредност по цена повисока од нето цената која е гарантирана
 
# ''Дистрибутивна функција'' – Пласманот на новоиздадените хартии од вредност во рацете на конечните инвеститори е главна цел на дистрибутивната функција. Ефикасниот пласман подразбира мрежа за дистрибуција на финансиските инструменти. Поголем дел од новите хартии од вредност инвестициските банки го продаваат на [[институционални инвеститори|институционалните инвеститори]] ([[пензиски фондови]], [[осигурителни друштва]] и [[инвестициски фондови]]), но сепак тие развиваат и посебни канали преку кои хартиите од вредност ги пласираат до индивидуалните инвеститори. Со помош на [[интернет]]от, индивидуалните инвеститори имаат можност преку online сервиси постојано да бидат во тек со можностите на инвестирање.