Инвестициска банка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
 
== Други активности на инвестициските банки ==
Покрај активностите поврзани со издавањето на хартиите од вредност, инвестициските банки извршуваат и многу други активности, се со цел да се прилагодат на потребите и трендовите на постоечките и потенцијалните клиенти. Така, инвестициските банки се активни и на секундарниот пазар на капитал, каде се ангажираат во инвестицискиот [[менаџмент]] (''investment management''), околу спојувањата или преземањата, при тргувањето и продажбата на хартиите од вредност, околу истражувања за сопствени и потребите на своите клиенти и слично.
 
''Инвестициски менаџмент'' – Во последните години, како последица на намалената [[профит]]абилност од примарната улога на инвестициските банки, како и нивната способност за анализа на хартиите од вредност и на фирмите кои ги издаваат, инвестициските банки се ориентираа кон бизнисот со инвестициски менаџмент. Тие се ангажираат на различен број начини: преку давање на индивидуални услуги од областа на инвестицискиот менаџмент на многу богатите клиенти, познато како [[приватно банкарство]] (''private banking''); собирање средства на индивидуалните инвеститори и фирмите за заедничко вложување во некој инвестициски фонд; консултантски услуги во поглед на инвестициските стратегии и можноста за инвестирање и слично.
 
Со самиот влез на инвестициските банки во инвестицискиот менаџмент се отвора простор за судир на нивните интереси со оние на нивните клиенти. Оттука, за да ги намалат сомневањата околу можните малверзации, инвестициските банки подигаат т.н. [[кинески ѕид]]ови (Chinese walls) помеѓу бизнисот со потпишување на хартии од вредност и бизнисот со инвестициски менаџмент.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Скопје: Економски факултет, 2009, стр. 361.</ref> На пример, вообичаено е кај инвестицискиот менаџмент да постои политика сите купувања или продавања на хартии од вредност да бидат задолжително извршени преку надворешен дилер или брокер. На овој начин, и покрај тоа што се намалуваат предностите во однос на конкурентите, исто така се ублажуваат и некои од можностите за малверзации.
 
''Истражување'' – Скоро во секоја инвестициска банка постои оддел за истражување. Аналитичарите кои се вработени во овој оддел постојано ги пратат економските трендови и вести, цените на хартиите од вредност на одделни компании или на цели [[индустрија|индустриски]] гранки и други релевантни информации кои им се потребни на банките и нивните клиенти. Одделението за истражување се јавува како активност која создава приходи кога им ги продава своите извештаи на заинтересираните клиенти.
 
''Спојување и преземање'' – Најголем број од клиентите ги контактираат инвестициските банки за да ги советуваат во областа на спојувањето и преземањето (''mergers and acquisitions'') други компании. Така, банката му помага на клиентот да го пронајде најдобриот партнер за спојување или пак погоден предмет за преземање. Инвестициската банка, исто така, во име на клиентот создава стратегија за преземање на целната фирма или пак одбранбени механизми за преземање во име на целната фирма.
 
==Извори==