Разлика помеѓу преработките на „Инвестициска банка“

Додадени 2.382 бајти ,  пред 9 години
(→‎Настанок и развој: дополнување)
Во октомври [[1929]] година, како последица на [[Големата криза од 1929|големата светска економска криза]] дошло да пад на [[пазар]]от на хартии од вредност и во периодот од [[1933]] до [[1934]] година претседателот [[Франклин Делано Рузвелт|Рузвелт]] иницирал три нови закони – Закон за хартии од вредност, Закон за банкарство и Закон за [[берза|берзи]]. Со предложените закони се регулирал [[пазар на капитал|пазарот на капитал]] и основањето финансиски институции. Законот за банки понатаму се делел на Закон за работа на комерцијалните банки и Закон за работа на инвестициските банки. Оттогаш, во САД, со т.н. [[Глас-Стигалов закон]] комерцијалните банки немале право да се занимаваат со инвестициско банкарство.
 
Сепак, последните децении на [[XX]] век се карактеризирале за голема експанзија на финансискиот сектор, со што разделувањето на комерцијалното и инвестициското банкарство повеќе немало смисла. Оттука, во САД, Законот за банки бил реформиран во [[1999]] година, кога била укината поделбата меѓу комерцијалното и инвестициското банкарство. Имено, тогаш бил донесен т.н. [[Грам-Линч-Билов закон]] со кој конечно бил укинат Глас-Стигаловиот закон. Како последица на тоа, денес, со инвестиционото банкарство[[банка]]рство се занимаваат сите големи комерцијални банки. Меѓутоа, поради избегнување на судирот на интересите, овие активности на банките мора да бидат јасно издвоени од комерцијалното банкарство, т.е. од банките се бара да постават „огнени“ или „кинески“ ѕидови (firewalls, Chinese walls) меѓу двете групи активности.
 
Всушност, големите банки се занимаваат со инвестициско банкарство посредно, преку своите подружници, при што многу често, банките едноставно ги купуваат постојните, добро познати инвестициски банки и [[брокер]]ски куќи. Така, од попознатите случаи треба да се истакнат следниве: купувањето на лондонската инвестициска банка „[[Морган Гренфел]]“ ([[Morgan Grenfell]]) од страна на „[[Дојче банк]]“ ([[Deutsche Bank]]) во [[1986]] година; истo така, во јуни [[1999]] година, „Дојче банк“ ја презела големата американската инвестициска банка „[[Бенкерс траст]]“ ([[Bankers Trust]]); во [[1998]] година, „[[Ситикорп]]“ ја купила познатата инвестициска банка „[[Саломон Смит Барни]]“ ([[Salomon Smith Barney]]); во [[1995]] година, „[[УБС]]“ ја купила [[Лондон|лондонската]] инвестициска банка „[[С. Г. Варбург]]“ ([[S.G.Warburg]]), а во [[2000]] година и американската брокерска куќа „[[Пејн Вебер]]“ ([[Paine Webber]]); „[[Бенк оф Америка]]“ во [[2008]] година ја купила најголемата американска инвестициска банка „[[Мерил Линч]]“ итн.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 352-353.</ref>
 
== Основни функции на инвестициските банки ==