Трговски договор против фалсификување: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: <big>'''AKTA'''</big> '''Трговски договор против фалсификување''', скратено '''АКТА''' (анг. Anti-Counte...
(нема разлика)

Преработка од 16:58, 27 март 2012

AKTA Трговски договор против фалсификување, скратено АКТА (анг. Anti-Counterfeiting Trade Agreement)е меѓународен договор кој има за цел воспоставување на меѓународни стандарди за заштита на интелектуалната сопственост, потпишан на 1 октомври 2011 помеѓу САД, Јапонија, Канада, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур и Јужна Кореја а во почетокот на 2012 година се придружува и Европската Унија.

Државна тајна Почетоците на преговорите околу развојот на Законот датира од 2006 година кога САД со своите најблиски соработници, започнува тајни преговори. Во почетната фаза учествуваат САД, Јапонија, Европската Унија и Швајцарија а во 2008 година се приклучуваат Австралија, Јужна Кореја, Мароко, Мексико, Нов Зеланд и Сингапур. Сами разговори се одржаа во најстрога тајност, а фактот дека воопшто се одржале го откри Викиликс во 2008 година. По таквото излегување во јавност на тајните преговори а под притисок на разни организации и поединци побарано е владите да ги предадат податоците за танвите преговори и за тоа за што се преговара, а добиените одговори беа: ·Европската Унија ги прогласила преговорите како државна тајна со објаснување дека информацијата би ја ослабнала преговарачката позиција на ЕУ и би ги расипала политичките односи со државите партнери. ·Канада го предала името на документот за кој се преговара а сето останато било државна тајна ·Нов Зеланд исто така ги прогласил преговорите како државна тајна со ветување дека како држава преговарач ќе се обиде да добие дозвола за објавување на податоците ·САД одбија да ги објават податоците за АКТА преговорите со објаснување дека ќе и нанесат штета на државната безбедност, а поради истата причина по одлука на претседателот овој интернационален договор нема никогаш да биде предаден на американскиот Конгрес за гласање.

Подршка и критики АКТА договорот добилподршка од голем број корпорации кои се бават со производство на филмови, серии, музика, како и од корпорации кои се бават со производство на лекови. Во документот кој пристигнал во јанвоста „Motion Picture Association of America“ т.е. здружение на шест најголеми филмски студија во 2010 година, да го подржат договорот поради тоа што тој дозволува: ·Освен блокирање на пиратеријата на интернет, гасење/блокирање на интернет страниците кои прават проблем на Вашата влада како што е на пример Викиликс. Корпорациите кои произведуваат лекови исто така дадоа полна подршка на овие договори затоа што АКТА дава приоритет на заштита на авторските права пред сите останати или во овој случај пред генеричките лекови кои можат да се произведуваат откако ќе истечат авторските права што доведува од 50-90 % на снижување на цените на лековите на што оригиналните производители жестоко се спротивставуваат. По правилата на АКТА оригиналниот производител може во некои случаи да ја заплени и уништи пратката на генеричките лекови иако се тие произведени по сите правила.