Канон (музички инструмент): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Канон''' (Kanun, Qanun, Qanon)- се подразбира арапскиот струнен инструмент, еден вид псалтер, со правилен трапезоиден корпус. Најчесто се изработува од јаворово дрво. Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач (магаренце) за струните, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка, како покривачи на корпусот, се затегнуваат од 24 до 27 црвени струни, групирани по три и штимувани унисоноунисон. Звукот се произведува со удирање по струните со метални напрстоци, во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на кажипрститепрстите на левата и десната рака. Секоја октава кај Арапите се именува со зборот “дар“. Дијапазонот на инструментот варира меѓу две и три октави. Канонот е виртуозен инструмент и како таков го среќаваме и како солистички инструмент. Како ансамблов инструмент го среќаваме во чалгиските ансамбли. Канонот е пренесен во Македонија од турските патувачки чалгаџиски групи. Во Македонија се користи арапскиот канон.