Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
}}
 
'''Алкибијад''', ([[старогрчки јазик|грчки]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης); (450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) бил истакнат атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилијанска експедиција|Сицилијанската експедиција]], но одкако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[Сатрап|сатрапот]] [[Тисаферн]] се додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (стратег), но по неколку години на неговите политички опоненти им успеало по втор пат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколку со опсада. Но неговиот талент на многу пати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
Ред 27:
 
=== Политичка кариера ===
 
Алкибијад за прв пат се издигнал на висока позиција кога почнал да пропагира поагресивна надворешна политика по потпишувањето на [[Пелопонески војни|Мирот на Никија]] во 421 г. п.н.е. Во [[Античка Грција]], Алкибијад бил поделена политичка фигура. [[Тукидид]] смета дека Алкибијад бил необично амбициозен, и ја предложил [[Сицилијанска Експедиција|Сицилиската експедиција]] со цел да се стекне со слава, богатство и подобра репутација, но и покрај неговата претерана амбициозност, не го обвинува за ситуацијата во која се нашла [[Атина]] во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни]]. [[Плутарх]] го гледа како брилијантен карактер со голема смелост за големи потфати. [[Демостен]] за Алкибијад вели дека неговите постапки биле одлика на неговиот патриотски дух и во името на демократијата.
 
{{Link GA|no}}
{{Link FA|es}}
[[ar:ألكيبيادس]]
[[az:Alkiviad]]
[[bg:Алкивиад]]
[[br:Alkibiades]]
[[ca:Alcibíades]]
[[cs:Alkibiadés]]
[[da:Alkibiades]]
[[de:Alkibiades]]
[[el:Αλκιβιάδης]]
[[en:Alcibiades]]
[[es:Alcibíades]]
[[eu:Altzibiades]]
[[fa:آلکیبیادس]]
[[fr:Alcibiade]]
[[ko:알키비아데스]]
[[hr:Alkibijad]]
[[it:Alcibiade]]
[[he:אלקיביאדס]]
[[ka:ალკიბიადე]]
[[la:Alcibiades]]
[[lv:Alkibiads]]
[[hu:Alkibiadész]]
[[nl:Alcibiades]]
[[ja:アルキビアデス]]
[[no:Alkibiades]]
[[pl:Alkibiades]]
[[pt:Alcibíades]]
[[ro:Alcibiade]]
[[ru:Алкивиад]]
[[simple:Alcibiades]]
[[sl:Alkibiades]]
[[sr:Алкибијад]]
[[sh:Alkibijad]]
[[fi:Alkibiades]]
[[sv:Alkibiades]]
[[tr:Alcibiades]]
[[uk:Алківіад]]
[[zh:阿尔西比亚德斯]]