Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
}}
 
'''Алкибијад''', ([[Старогрчки јазик|Гр.]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης) (450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) истакнат Атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилијанска експедиција|Сицилијанската експедиција]], но одкако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[Сатрап|сатрапот]] [[Тисаферн]] се додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (Стратегстратег), но по неколку години, но на неговите политички опоненти им успеало по втор пат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколку со опсада. Но неговиот талент на многу пати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
 
=== Рани години ===
 
Алкибијад бил роден во [[Атина]], во познато аристократско семејство. Неговата мајка Дејномаха била братучедка на [[Перикле]] а неговиот дедо, со исто име - Алкибијад, бил пријател на [[Клејстен]], познатиот реформатор од доцниот VI-ти век п.н.е. По смртта на неговиот татко Клиниј во [[Битката кај Коронеја|битката кај Коронеја]] (447 п.н.е.) негов старател станал [[Перикле]]. Според [[Плутарх]], Алкибијад бил многу вешт оратор, и имал неколку познати учители, меѓу кои и [[Сократ]].
 
Алкибијад учествувал во [[Битката кај Потидаја|битката кај Потидаја]] (432 п.н.е.) каде што [[Сократ]] му го спасил животот. Тој бил многу приврзан со [[Сократ]] и според [[Плутарх]], тој имал голема страхопочит кон [[Сократ]] и ги презирал другите негови љубовници. Алкибијд бил оженет со [[Хипарета]], со која имал две деца.
 
=== Политичка кариера ===
 
Алкибијад за прв пат се издигнал на висока позиција кога почнал да пропагира поагресивна надворешна политика по потпишувањето на [[Пелопонески војни|Мирот на Никија]] во 421 г. п.н.е. Во [[Античка Грција]], Алкибијад бил поделена политичка фигура. [[Тукидид]] смета дека Алкибијад бил необично амбициозен, и ја предложил [[Сицилијанска Експедиција|Сицилиската експедиција]] со цел да се стекне со слава, богатство и подобра репутација, но и покрај неговата претерана амбициозност, не го обвинува за ситуацијата во која се нашла [[Атина]] во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни]]. [[Плутарх]] го гледа како брилијантен карактер со голема смелост за големи потфати. [[Демостен]] за Алкибијад вели дека неговите постапки биле одлика на неговиот патриотски дух и во името на демократијата.