Разлика помеѓу преработките на „Интернет-банкарство“

нема опис на уредувањето
с
{{ecommerce}}
'''Интернет-банкарство''' ([[англ.англиски јазик|англиски]]: ''Internet banking'') означува пристап до банкарските услуги преку интернет, при што секој клиент добива сопствено корисничко име (user ID) и лозинка (password), кои треба да му обезбедат приватност во користењето на услугите, како и заштита од можни злоупотреби од страна на други лица. Интернет-банкарството претставува [[банка]]рство кое се одвива од дома со посредство на [[интернет]]-мрежата. За извршување на банкарските трансакции не е потребен специјален [[софтвер]], туку тоа може да се врши од секој [[компјутер]] и од секое место каде што има пристап до интернет. Притоа, податоците за трансакцијата не се складираат на [[тврд диск|тврдиот диск]] на компјутерот, со што е остварен одреден степен на заштита. Банките се тие кои се грижат за заштита на податоците, односно за одржување на сопствениот [[хардвер]] и софтвер.
 
 
==Опфат на интернет-банкарството==
 
==Опфат==
Во [[Македонија]], банките нудат бројни услуги преку интернет, наменети за населението и за [[претпријатиe|претпријатијата]], како што се: увид во состојбата на сметките, увид во дневните промени на сметките, добивање извод од сметките, префрлање [[пари]] од една на друга сметка, [[платен промет|плаќање]] кон други лица итн. Притоа, овие услуги вообичаено се бесплатни за населението, додека претпријатијата плаќаат одреден месечен надомест. Во продолжение, некои банки овозможуваат преку интернет да се поднесуваат барања за [[потрошувачки кредит|потрошувачки кредити]], а речиси сите банки, на своите интернет-страници имаат калкулатори преку кои потрошувачите може да прават пресметки на [[трошоци]]те на [[кредит]]ите. Се разбира, преку интернет-страниците, банките нудат бројни [[информациja|информации]] за видовите и цените на своите услуги. Во развиените земји, покрај банките, интернет-банкарство нудат и други, [[небанкарски финансиски институции|небанкарски]] оператори. На пример, во [[САД]] постојат два големи даватели на вакви услуги: [[Intuit]] и [[CheckFree]].
 
 
Интернет-банкарството во Македонија полека зема замав, иако сè уште не е многу распространето. На пример, во декември [[2010]] година, од вкупно 3,4 милиони сметки, колку што биле отворени, само 220 000, т.е. 6,5% биле достапни преку компјутер, а од нив само 38 400 сметки им овозможувале на корисниците увид во состојбата и плаќање преку компјутер. Исто така, од вкупниот број поднесени налози за плаќање, само 24% биле преку компјутер, додека 76% биле книжни налози. Според тоа, плаќањата најчесто се вршат преку пополнување и доставување книжни налози, со лично одење во банката и тоа ја отсликува ниската примена на интернет-банкарството, дури и во областа на платниот промет.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 342-343.</ref>
 
 
==Развој==
 
Во последните десеттина години, банките масовно започнаа да го користат интернетот како средство за испорачување на своите услуги. Денес, секоја банка поседува своја интернет-страница преку која, ако ништо друго, тогаш барем нуди информации за себе и за активностите што ги извршува. Всушност, примената на интернетот во банкарството е толку раширена што интернет-банкарството се поистоветува со [[електронско банкарство|електронското банкарство]], иако тоа е само дел од него.
Секако, круна на интернет-банкарството е појавата на интернет-банките, коишто воопшто не постојат во физички облик. Првата интернет-банка во светот е [[Security First Network Bank]], основана во [[1995]] година. Овие банки нудат сеопфатни финансиски услуги ([[платен промет]], [[депозити|депозитни]] услуги, потрошувачки и [[станбен кредит|станбени кредити]] итн.) и, во тој поглед, тие им конкурираат на традиционалните банки. Сепак, треба да се забележи дека предвидувањата дека интернетот ќе доведе до изумирање на банките не се остварија, зашто бројот на интернет-банките сè уште е многу мал и тие имаат незначителна улога во [[финансиско посредување|финансиското посредување]].
Всушност, времето покажа дека [[информациска технологија|информациската технологија]] не доведе до заобиколување на банките, бидејќи интернет-банкарството сè уште подразбира одредена улога на традиционалните банки. Тоа особено се однесува на [[банкарство на мало|банкарството на мало]]. Според некои процени, во [[Европа]], дури 80% од сите малопродажни банкарски услуги се продаваат преку филијалите и експозитурите на банките.<ref>The Banker, Vol. 157, No. 977, July 2007, стр. 120.</ref>
 
==Предности и недостатоци на интернет-банкарството==
 
За банките, интернет-банкарството нуди поголем број предности:
 
* Брзо, ефикасно и [[економичност|економично]] извршување на трансакциите.
* Можноста за брзо и едноставно запознавање со новите услуги кои ги нуди банката, преку информациите кои се поставени на интернет-страницата на банката.
 
 
Од друга страна, основни недостатоци на интернет-банкарството се:
 
==Безбедност на плаќањата преку интернет==
 
Безбедноста е критичен момент за развојот на [[електронска трговија|е-трговијата]] и во е-банкарството. Поради тоа, развиени се повеќе методи и протоколи.
 
===SET===
 
[[SET]] ([[Secure Electronics Transaction]]) е технички стандард со кој што се заштитува наплатата со [[кредитнa картичкa|кредитни картички]] на интернет. Овој стандард вклучува дигитални сертификати со кои што се утврдува кој е вистинскиот носител на кредитната картичка што ја врши нарачката. Од една страна, SET стандардот го идентификува купувачот, но од друга страна тој обезбедува идентификација и за продавачот кој нуди стока и услуги преку интернет. Ова се остварува со помош на дигиталните сертификати, пред да се издаде информацијата за кредитната картичка. Со тоа се спречува продавачите да не ги злоупотребуваат информациите на купувачите. Дополнително, сите SET трансакции се криптирани.
 
===Криптирање===
 
Тоа е постапка при која се врши трансформација на оригиналните податоци кои се испраќаат преку интернет, во форма која не е читлива за сите корисници, освен за одреден корисник.
 
 
===Дигитален потпис===
 
Целта на дигиталниот потпис е да ја потврди автентичноста на содржината на пораката (односно, да докаже дека пораката не е променета на патот од испраќачот до примачот), како и да го гарантира идентитетот на испраќачот.
 
Испраќачот со примена на одредени криптографски методи, од својата порака која има произволна содржина, креира запис со фиксна должина, кој одговара на содржината на таа порака. Потоа, овој запис испраќачот го криптира со својот таен клуч и така го формира дигиталниот потпис, кој се испраќа заедно со пораката.
Примателот ја дешифрира пораката со добиениот јавен клуч и така може да открие било каква неправилност во пораката (односно, ако некој ја променил содржината на пораката).
 
 
==Наводи==