Разлика помеѓу преработките на „Интернет-банкарство“

Додадени 1.133 бајти ,  пред 9 години
с
нема опис на уредувањето
(→‎Развој: ситна поправка)
с
 
==Опфат на интернет-банкарството==
 
Во [[Македонија]], банките нудат бројни услуги преку интернет, наменети за населението и за [[претпријатиe|претпријатијата]], како што се: увид во состојбата на сметките, увид во дневните промени на сметките, добивање извод од сметките, префрлање [[пари]] од една на друга сметка, [[платен промет|плаќање]] кон други лица итн. Притоа, овие услуги вообичаено се бесплатни за населението, додека претпријатијата плаќаат одреден месечен надомест. Во продолжение, некои банки овозможуваат преку интернет да се поднесуваат барања за [[потрошувачки кредит|потрошувачки кредити]], а речиси сите банки, на своите интернет-страници имаат калкулатори преку кои потрошувачите може да прават пресметки на [[трошоци]]те на [[кредит]]ите. Се разбира, преку интернет-страниците, банките нудат бројни [[информациja|информации]] за видовите и цените на своите услуги. Во развиените земји, покрај банките, интернет-банкарство нудат и други, [[небанкарски финансиски институции|небанкарски]] оператори. На пример, во [[САД]] постојат два големи даватели на вакви услуги: [[Intuit]] и [[CheckFree]].
 
 
==Развој==
 
Во последните десеттина години, банките масовно започнаа да го користат интернетот како средство за испорачување на своите услуги. Денес, секоја банка поседува своја интернет-страница преку која, ако ништо друго, тогаш барем нуди информации за себе и за активностите што ги извршува. Всушност, примената на интернетот во банкарството е толку раширена што интернет-банкарството се поистоветува со [[електронско банкарство|електронското банкарство]], иако тоа е само дел од него.
Секако, круна на интернет-банкарството е појавата на интернет-банките, коишто воопшто не постојат во физички облик. Првата интернет-банка во светот е [[Security First Network Bank]], основана во [[1995]] година. Овие банки нудат сеопфатни финансиски услуги ([[платен промет]], [[депозити|депозитни]] услуги, потрошувачки и [[станбен кредит|станбени кредити]] итн.) и, во тој поглед, тие им конкурираат на традиционалните банки. Сепак, треба да се забележи дека предвидувањата дека интернетот ќе доведе до изумирање на банките не се остварија, зашто бројот на интернет-банките сè уште е многу мал и тие имаат незначителна улога во [[финансиско посредување|финансиското посредување]].
 
Притоа, може да се наведат повеќе причини за бавниот развој на интернет-банкарството:<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 343.</ref>
 
* за многу банкарски услуги е потребно [[физика|физичко]] присуство на клиентите во банките;
* за некои слоеви од населението интернетот е недостапен, или пак, неговата употреба е многу сложена;
* многу луѓе се недоверливи кон интернет-банкарството поради проблемот на сигурноста;
* традиционалните банки нудат интернет-банкарство, така што нема потреба од интернет-банки.
 
Всушност, времето покажа дека [[информациска технологија|информациската технологија]] не доведе до заобиколување на банките, бидејќи интернет-банкарството сè уште подразбира одредена улога на традиционалните банки. Тоа особено се однесува на [[банкарство на мало|банкарството на мало]]. Според некои процени, во [[Европа]], дури 80% од сите малопродажни банкарски услуги се продаваат преку филијалите и експозитурите на банките.<ref>The Banker, Vol. 157, No. 977, July 2007, стр. 120.</ref>
 
==Предности и недостатоци на интернет-банкарството==
 
За банките, интернет-банкарството нуди поголем број предности:
 
* Креирање имиџ на современа компанија која е во состојба да им ги предложи на своите клиенти најновите [[технологија|технолошки]] решенија. На тој начин се подобрува [[конкуренција|конкурентната]] позиција на банката.
* Подобрување на комуникацијата со клиентите. Во [[класика|класичниот]] однос, банките можеа да им ги нудат своите услуги на клиентите само текот на работното време. Но,со интернет-банкарството, комуникацијата меѓу банката и клиентот е практично неограничена.
* Рационализација на потенцијалот на банката. Со пренос на одредени услуги на интернет, банката ги намалува [[трошоци]]те на работењето, на тој начин што при зголемување на бројот на комитенти, банката не мора да отвора нови филијали, односно да изнајмува нови простории, да вработува нови луѓе. Со користење на интернетот, банката може да се покрие многу поголема географска област и да се опслужат голем број клиенти, без дополнителни трошоци.
* Предности во однос на [[маркетинг]]от. Банката на својата интернет-страница може да нуди голема количина информации и, на тој начин, своите услуги да ги направи достапни за поширок круг на корисници.
 
 
Исто така, интернет-банкарството нуди повеќе предности за клиентите:
 
* Интернет-банкарството претставува самоуслужно банкарство, кое е од голема корист за клиентот, посебно поради фактот што е е достапно 24 часа, 7 дена во неделата, од секое место на [[планета]]та.
* Брзо, ефикасно и [[економичност|економично]] извршување на трансакциите.
* Одбојности спрема нови технолошки иновации,
* Недостаток на правна регулатива.
 
 
==Безбедност на плаќањата преку интернет==
 
Безбедноста е критичен момент за развојот на [[електронска трговија|е-трговијата]] и во е-банкарството. Поради тоа, развиени се повеќе методи и протоколи.
 
===SET===
 
[[SET]] ([[Secure Electronics Transaction]]) е технички стандард со кој што се заштитува наплатата со [[кредитнa картичкa|кредитни картички]] на интернет. Овој стандард вклучува дигитални сертификати со кои што се утврдува кој е вистинскиот носител на кредитната картичка што ја врши нарачката. Од една страна, SET стандардот го идентификува купувачот, но од друга страна тој обезбедува идентификација и за продавачот кој нуди стока и услуги преку интернет. Ова се остварува со помош на дигиталните сертификати, пред да се издаде информацијата за кредитната картичка. Со тоа се спречува продавачите да не ги злоупотребуваат информациите на купувачите. Дополнително, сите SET трансакции се криптирани.
 
===Криптирање===
 
Тоа е постапка при која се врши трансформација на оригиналните податоци кои се испраќаат преку интернет, во форма која не е читлива за сите корисници, освен за одреден корисник.
 
Декрипција е инверзна трансформација, каде шифрираната порака се трансформира во читлива порака, со користење на одредени механизми/алгоритми на декрипција.
Кај симетричниот [[алгоритам]] на криптирање се користат симетрични клучеви за шифрирање и дешифрирање на пораката. Тајноста, во овој случај, се базира на тајноста на самиот клуч. Меѓутоа, проблем е дистрибуцијата на клучот.
 
Кај асиметричниот алгоритам на криптирање постојат два клучеви: приватен и јавен. Јавниот клуч се испраќа по мрежата. Корисникот го добива овој клуч и ја криптира пораката. Криптираната порака се испраќа на другиот корисник, кој ја декриптира со помош на тајниот клуч.
 
===Дигитален потпис===
 
Целта на дигиталниот потпис е да ја потврди автентичноста на содржината на пораката (односно, да докаже дека пораката не е променета на патот од испраќачот до примачот), како и да го гарантира идентитетот на испраќачот.
 
Испраќачот со примена на одредени криптографски методи, од својата порака која има произволна содржина, креира запис со фиксна должина, кој одговара на содржината на таа порака. Потоа, овој запис испраќачот го криптира со својот таен клуч и така го формира дигиталниот потпис, кој се испраќа заедно со пораката.
Примателот ја дешифрира пораката со добиениот јавен клуч и така може да открие било каква неправилност во пораката (односно, ако некој ја променил содржината на пораката).
<references/>
 
[[Категорија: Веб апликации]]
 
[[Категорија: Банкарски технологии]]
 
 
[[Категорија: Економија]]
[[Категорија: Финансии]]
[[Категорија: Економија на Македонија]]
[[Категорија: Финансиски систем на Македонија]]
 
[[ar:بنوك الإنترنت]]
[[bn:ইন্টারনেট ব্যাংকিং]]
[[bg:Електронно банкиране]]
[[cs:Internetové bankovnictví]]
[[da:Netbank]]
[[de:Electronic Banking]]
[[es:Banca electrónica]]
[[fa:بانک‌داری الکترونیک]]
[[fr:Banque électronique]]
[[ko:온라인 뱅킹]]
[[hy:Առցանց բանկային գործ]]
[[hi:ऑनलाइन बैंकिंग]]
[[hr:Internetsko bankarstvo]]
[[is:Heimabanki]]
[[it:Home banking]]
[[kk:Интернет-банкинг]]
[[lt:Internetinė bankininkystė]]
[[hu:Online banki ügyintézés]]
[[nl:Internetbankieren]]
[[nds-nl:Internetbankieren]]
[[ja:インターネットバンキング]]
[[no:Nettbank]]
[[nn:Nettbank]]
[[pl:Bankowość elektroniczna]]
[[pt:Banco internético]]
[[ru:Интернет-банкинг]]
[[fi:Verkkopankki]]
[[sv:Internetbank]]
[[ta:இணைய வங்கி]]
[[tr:İnternet bankacılığı]]
[[uk:Інтернет-банкінг]]
[[zh:網路銀行]]