Разлика помеѓу преработките на „Платен промет“

Додадени 9.352 бајти ,  пред 8 години
дополнување
(создавање нова статија со содржина и извори)
 
(дополнување)
* [[налог за пренос]],
* [[налог за плаќање на јавни приходи]],
* инструменти за исплата на готовина итн.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 336-338.</ref>
 
==Платен промет на мало==
''Платниот промет на мало'' (retail payments) се однесува на плаќањата што гласат на помали износи и ги опфаќа трансакциите на населението и поголемиот дел од плаќањата меѓу претпријатијата. Овие плаќања се вршат со помош на готови пари, чекови, картички и со електронски пренос на парите. Во [[2007]] година настапи пресврт во платниот промет на мало во Македонија, кога вработените во [[јавeн сектор|јавниот сектор]] започнаа да ги добиваат платите на сметки поврзани со [[дебитнa картичкa|дебитни картички]]. Оттука, употребата на готовите пари значително опадна, така што на крајот од [[2010]] година, учеството на готовите пари во [[парична маса|паричната маса]] М1 се сведе на 30%, што претставува намалување од 22 процентни поени во споредба со [[2003]] година. Во продолжение, во 2007 година дојде до уште една голема промена: чековите, кои во минатиот период беа многу привлечен инструмент за плаќање, наеднаш речиси исчезнаа за сметка на брзиот растеж на банкарските картички. Така, во декември 2010 година беа остварени речиси 3 милиони трансакции со картички, чија вредност изнесуваше речиси 10 милијарди денари.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 338.</ref>
 
===Клириншка куќа (КИБС)===
Со реформата на платниот промет од 2001 година беше основана посебна институција (КИБС или Клириншка куќа) за неитните и малите безготовински плаќања, т.е. оние што гласат на износи помали од еден милион денари. Притоа, во [[2009]] година, преку КИБС беа извршени 16,6 милиони трансакции, во вредност од 217 милијарди денари, т.е. платниот промет остварен преку овој систем учествува со 34% во вкупниот број трансакции и само 7,5% во вкупната вредност на плаќањата остварени преку банките. КИБС претставува платен систем преку кој се спроведува пребивање (clearing) на налозите за плаќање издадени преку банките, а крајните плаќања се вршат во системот на [[НБРМ]]. За таа цел, секоја банка има отворено сметка во КИБС, која служи за пресметка на плаќањата и преку која се врши пребивањето.
 
Платниот промет преку овој систем се врши на следниов начин: кога клиентот на банката ќе даде налог за плаќање во полза на некое лице кое има сметка во друга банка, банката го проследува налогот за плаќање до КИБС. Меѓутоа, во тој миг не се врши конечно пла-ќање, туку само се врши размена на пораки за плаќањата од една кон друга банка. Така, во текот на работниот ден, сите банки ги доставуваат своите налози за плаќање и на крајот од денот се врши пресметка на сите приливи и одливи, одделно за секоја банка, и така се утврдува нето-состојбата на сметката на секоја банка. На крајот од денот, сите налози за плаќања меѓу банките меѓусебно се пребиваат и се добива салдото на сметката на секоја банка, кое покажува дали во текот на работниот ден банката имала повеќе уплати од исплати или обратно. Оваа разлика оди на порамнување кај платниот систем во централната банка и најдоцна во рок од еден час по извршената пресметка, банките со нето-одлив врз основа на плаќањата се должни, од својата сметка кај централната банка, да го уплатат наведениот износ во полза на сметката на КИБС, а потоа од тие [[пари]] се врши уплата на сметките на банките кои имале нето-приливи. На тој начин, на крајот на работниот ден, сметките на сите банки во КИБС треба да се сведат на салдо нула, бидејќи овие сметки служат само за пресметка, т.е. за потребите на пребивањето. Меѓутоа, ако некоја банка нема доволно пари на својата сметка кај централната банка, тогаш нејзините налози за плаќање не може да се извршат и затоа во КИБС не се вршат конечни плаќања.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 338-339.</ref>
 
==Платен промет на големо (МИПС)==
''Платниот промет на големо'' (wholesale payments) ги опфаќа плаќањата што гласат на големи поединечни износи и тој се извршува преку платниот систем кај централната банка - МИПС. Станува збор за целосно автоматизиран систем на порамнување (settlement) со електронски налози за плаќања, организиран од централната банка. Учесници во овој систем се банките, државниот трезор, КИБС, [[Централен депозитар на хартии од вредност|централниот депозитар на хартии од вредност]] и клириншката куќа за плаќање со картички КаСис, кои се поврзани со МИПС преку [[СВИФТ]] или преку приватна мрежа. Во 2009 година, преку МИПС беа извршени 4,7 милиони налози во вредност од 1 392 милијарди денари, што претставува учество од околу 10% во вкупниот број трансакции и дури 52% во вкупниот платен промет.
 
МИПС претставува ''систем на порамнување на бруто-основа во реално време'' (real-time gross settlement system, RTGS), а тоа значи дека секое плаќање се извршува посебно, и тоа веднаш, во истиот миг. Во овој систем не се врши пребивање на плаќањата, туку штом во системот ќе се внесе порака за плаќање, веднаш се врши конечно плаќање, со употреба на парите на сметките кај централната банка. Налозите се извршуваат само ако банката има доволно пари на својата сметка кај централната банка. Во спротивно, плаќањето не може да се изврши и налогот ќе чека во ред, до моментот кога банката ќе има доволно пари на сметката.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 339-340.</ref>