Платен промет: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
создавање нова статија со содржина и извори
(нема разлика)

Преработка од 14:59, 20 март 2012

Платен промет претставува збир на методите и инструментите преку кои се извршуваат плаќањата, односно преносот на паричните средства меѓу луѓето, претрпијатијата, државните органи и финансиските институции. Како носители на платниот промет се јавуваат банките и централната банка. Платниот промет е една од основните економски функции на банките. Оваа функција им обезбедува посебно место на банките во економскиот систем, зашто ефикасното извршување на плаќањата меѓу економските агенти претставува неопходен предуслов за функционирање на економијата.

Методи на извршување на плаќањата

Од гледна точка на инструментите и методите, плаќањата може да се извршуваат на два начина:

  • готовински, со помош на готови пари или
  • безготовински.

Првиот случај најчесто се однесува на плаќањата на луѓето за купените производи и користените услуги. Во сите земји, најголем дел од плаќањата сè уште се врши со употреба на готови пари, меѓутоа учеството на овој метод во вкупната вредност на плаќањата е многу мал. На пример, во Европа, дури 80% од плаќањата на населението се извршуваат со готови пари.[1]

Исто така, плаќањата се извршуваат и со помош на чекови, кои се слични на банкнотите по тоа што и тие претставуваат книжни инструменти за плаќање. До 2007 година, чековите беа масовно употребуван инструмент во плаќањата на населението во Македонија, но потоа тие исчезнаа, што се должи на две основни причини: подемот на банкарските картички и напуштањето на практиката на гарантирање на чековите од страна на банките.

Сепак, во сите земји, најголем дел од вкупната вредност на плаќањата се извршува по електронски пат: на пример, луѓето плаќаат за купените производи со помош на картички; плаќањата меѓу претпријатијата се вршат со електронски пренос на парите од една на друга сметка; а, во поново време, плаќањата се извршуваат и преку интернет. Овие безготовински форми на плаќања, вообичаено, имаат помало учество во бројот на трансакциите, но доминантно учество во вкупната вредност на плаќањата (90% и повеќе).[2]

Реформата на платниот промет во Македонија

Иако платниот промет е една од најстарите функции на банките, до 2001 година, македонските банки воопшто не ја извршувале оваа функција, зашто платниот промет бил организиран во една државна специјализирана институција, која долго време се викала „Служба за општествено книговодство“ (СОК), а во 1990-тите го сменила името во „Завод за платен промет“ (ЗПП). Притоа, сите претпријатија, институции и банки имале по една сметка, која се водела кај оваа државна агенција, а истовремено нивните сметки биле поврзани со депозитите во банките. Платниот промет се извршувал така, што претпријатијата поднесувале налози за плаќање во СОК (ЗПП), која ги извршувала плаќањата преку безготовински пренос на парите од една на друга сметка. На крајот од работниот ден, СОК (ЗПП) им праќала известување на претпријатијата и на банките за извршените плаќања и за состојбата на сметката.

Во текот на 2001 година била спроведена темелна реформа на платниот систем во Македонија: почнувајќи од јули, сметките на претпријатијата постепено се пренесувале во банките и од почетокот на 2002 година, платниот промет бил целосно преземен од банките, а ЗПП престанал да постои. Истовремено, плаќањата меѓу банките ги презела централната банка, во чија надлежност се наоѓаат и регулирањето и надгледувањето на платниот промет.

Денес, платниот промет во Македонија е организиран во три системи:

Eден дел од платниот промет се врши внатре во секоја банка и тој се однесува на плаќањата меѓу претпријатијата и луѓето кои имаат сметки во истата банка. Во овој случај, плаќањата се вршат со едноставно задолжување на едната и одобрување на другата сметка, без тоа да предизвика промени на сметката на банката. На пример, ако лицето А сака да му плати одреден износ на лицето Б, при што двете лица имаат сметки во истата банка, тогаш лицето А ќе даде налог банката да изврши пренос на парите од неговата сметка во полза на сметката на лицето Б. Кога трансакцијата ќе биде завршена, лицето А ќе има помалку пари на својата сметка, а истовремено ќе се зголеми салдото на сметката на лицето Б. Меѓутоа, промените ќе бидат ограничени внатре во банката, додека салдото на нејзината сметка ќе остане непроменето. Во 2009 година, во внатрешниот платен промет на банките беа извршени 28 милиони трансакции, во вкупна вредност од 1 277 милијарди денари, што претставува 57% од вкупниот број трансакции и 44% од вкупната вредност на платниот промет што се остварува преку банките во Македонија.[3]

Со реформата на платниот промет, правните лица добија можност да отворат повеќе трансакциски сметки во различни банки, додека сметките на банките и трезорската сметка, т.е. сметката на државата се водат кај централната банка. Почнувајќи од 2008 година, се воведе обврската за поседување трансакциска сметка и за населението, со што и луѓето станаа непосредни учесници во платниот промет. Така, на крајот од 2010 година, во Македонија имало околу 3,4 милиони сметки, во кои доминираат сметките на населението, а остатокот отпаѓа на сметките на претпријатијата и другите организации.[4] Притоа, сите трансакциски сметки се водат во единствениот регистер на сметки, при што секоја сметка претставува низа од 15 цифри, од кои првите три служат како ознака на банката.

За извршување на плаќањата се користат повеќе инструменти, како што се:


Наводи

  1. The Banker, Vol. 157, No. 977, July 2007, стр. 120.
  2. Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 336.
  3. Народна банка на Македонија, Извештај за финансиската стабилност во 2009 година, Скопје, јули 2010.
  4. Народна банка на Македонија, Извештај за финансиската стабилност во 2009 година, Скопје, јули 2010.
  5. Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 336-338.