Монопол: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{внимание}}
Наспроти состојбата на совршена [[конкуренција]], каде што производството и понудата на одделен [[производ]] ги креираат голем број мали [[фирми]], стои состојбата на '''монопол'''. Монополот е дел од непотполната [[конкуренција]] која исто така ги опфака и следниве пазарни структури: [[Олигопол]]( состојба на неколку [[продавачи]] и многу [[купувачи]]) и Монополистичка конкуренција. Кај овој тип(Монопол) на пазарна структура, вкупното производство и вкупната понуда на секторот ја креира едно претпријатие-'''монополист'''. Оттука монополот има силно влијание врз [[цена на производ|цената на производот]]. Но и овој тип на пазарна структура, во основа, е ограничен и главно е присутен во вкупната стопанска инфраструктура-[[железница]], [[телекомуникации]], [[ПТТ]] услуги и слично. [[Совршена конкуренција|Совршената конкуренција]] и монополот, според тоа, се екстреми во [[морфологија|морфологијата]] на пазарните структури, кои релативно малку се застапени во реалниот економски живот.
 
'''Монопол'''-станува збор за крајниот случај на непотполна [[конкуренција]], кога еден единствен производител(продавач) има потполна контрола врз целиот економси сектор. За да постои класичен монопол трба да се исполнат две претпоставки:
Ред 9:
 
'''Главни карактеристики во монополот се''' :
* недостиг на [[конкуренција]]
* еден продавач
* немање на сличен (потенцијално заменувачки) производ
 
'''Бариерите за влез на Монополот може да бидат од различна природа''':
1.'''Правни бариери'''- состојба во која државата со [[правни прописи]] може да го ограничи влезот на нови [[претпријатија]] во оделни [[стопански сектори]].
2.'''Окрупнување на претпријатијата заради искористување на економиите од обем'''( масовно производство)- Ефикасноста во одделни економски сектори е можна само доколку постои масовно производство.
3.'''Дарови на природата'''- некои [[природни богатства]] се концентрирани во одделни земји, па контролата на производството им е препуштена на крупни домашни или странски фирми, кои имаат доминантни позиции во светското производство на тии производи.Пр: [[Нафта]]
4. '''Диференцијација на производите'''.
 
Погрешно е тврдењето според кое монополот настојува да продава по највисока цена. Исто така не е точно дека монополот кеќе произведува колку што е неговиот [[капацитет]].
Тој во практика ќе настојува да го изнајде најсоодветниот компромис помеѓу количината и цената, според тоа, ке значи дека монополот никогаш нема да произведе и продаде толку производи колку што неговиот реален капацитет овозможува да продуцира.
 
Кај монополот постои тенденција вештачки да го ограничува [[производство|производството]], за да се постигне повисока цена и повисок [[вкупен приход]] , а со тоа и повисок [[профит]]. Но, овој факт, покажува дека монополот нерационално ги користи расположливите ресурси, што од аспект на [[општество|општеството]] во целина претставува загуба. Ова упатува на штетноста од постоењето на монополот и дава одговор на прашањето зошто луѓето (потрошувачите) се противат на монополите и зошто современите влади ги контролираат монополите.
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Монопол