Авари: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
 
==Потекло==
Аварите спаѓале во Турско-Татарската група народи кои кон средината на 6 ти век биле потиснати од западните Турци и се преселиле од централна Азија во подунавјето поточно во Панонија.Тука покориле повеќе разнородни племиња меѓу кои имало Словени,Бугари,Хуни и создале своја држава наречена Аварски каганат.Тие живееле во родовско уредување.Кај нив владеела воена демократија.Племињата предводени од своите старешини претставувале посебни единици во војската која била поделена на единици од 1000 до 10000 војници.Пленот од воените походи,даноците кон [[Византија]] како и даноците од поробените народи создале цврста основа за за оделување според имотната состојба на родовските и племенските старешини.Патријархалното ропство добива постојан облик во Аварското општество.Тоа ни го покажува и постапувањето со заробениците од војните на Балканскиот полуостров. Според легендата на Св.Димитрија „за неколку десетици години се создало ново племе со нов племенски поглавар според нивниот обичај“.Аварскиот каганат претставувал „држава“ во која Аварите биле доминантни а останатите племиња биле поробени маси.Аварската војска била цврсто oбединета под водство на каганот а Аварската коњаница била многу посилна од Словенската пешадија.
 
==Создавањето на Аварскиот каганат==
Ред 17:
==Походот кон Цариград==
 
По падот на [[Сирмиум]] и смрта на императорот [[Тибериј]] во 582 год. за време на владеењето на царот Маврикуј продолжуваат Византиско Аварските борби,кои завршуваат со опсдата на Солун 586 год. „За тоа како е освоен јасно изложува ценетиот Менадер“ ова го обајаснува [[Теофилакт Симоката]] во врска со паѓањето на Сирмиум. Аварите поставувале тешки услови за [[Византија]].Аварскиот каган барал од Цариград слонови кои подоцна ги вратил а за возврат барал зголемување на данокот од 80000 на 100000 златници.Поради овие барања во 584 год. избила нова војна меѓу [[Византија]] и Аварите.Со оваа војна може да се поврзе и опсадата на Солун од страна на 5000 Словени која претрпела неуспех.Прв град кој бил на удар на аварските напади бил [[Сингидурум]].Во оваа аварска офанзива бил заземен градот Августа кој се наоѓал на брегот на реките Огуста и Дунав во Бугарија.Бил заземен Виминацијум и бил опседнат Анхијал а нивната околина била опустошена и запалена.Поради ова царот Маврикиј решил да преговара со Аварите.Било испратено пратеништво кое го предводеле сенаторот Елпидиј и и старешината на царската гарда Коментиол.Ова пратеништво немало успех.Во 585 год.во Цариград пристигнал кагановиот преговарач Таргитиј кој кој барал данокот да се зголеми на 2 год.0000 златници.Барењето било прифатено и бил постиганат мир.Во 586 год.Словените од Влашка провалиле во [[Тракија]] и ја опустошиле но биле поразени кај реката Ергинија.Овој упад на Словените било причина за нови непрјателства. „Каганот ги викнал кон себе сите неверници од Склавиниите и кон Словените ги придружил варварите од другите племиња“ така велел писателот на чудата на [[Св Димитрија Солунски]].Во Солун се наоѓала малку војска која била неискусна.Првиот ден опсадниците вршеле грабежи по околината на Солун но наредниот ден настанал глад .Третиот ден биле донесени воени справи но настанал судир меѓу самите Авари.Дошла група на бегалци.Не успеал обидот за завземање на Касандриската капија.Седмиот ден настанало затишје.Осмиот ден стигнале нови бегалци кои барале прибежиште во градот за да се заштотат од чумата која започнала да владее меѓу аварските војници.Набрзо започнало повлекување на аварските војници кои оставиле зад себе многу оружје и робови.Во летото 558 год. аварскиот каган испратил Словенски чети да ја пустошат Тракија.Византискиот војсководец Коментиол успеал на Словените да им превземе дел од пленот.Аварската војска ја завземала и разрушила Рацијарија(Арчар на Дунав во Бугарија),Бононија(Видин),Аквис(Видовград кај Неготино),Дуросторум(кај Силстирија во Бугарија) и Тропајон (Акадмилиси меѓу Констанца и Силистрија).Првиот пораз Аварите го доживеале кај градот Томис.Византиската војска брола 40000 регрути кои ја бранеле линијата Чернодава-Констанса.Со одредот раководел хипостратегот Мартин.Тој го спасил градот Томис од разурнување.Војната траела до 587 год. а главното жариште била Тракија.Во заробеништво на Аварите паднал градителот на византиските воени справи Буса кој ги поучил да изградат опсадни справи.Византиските команданти Каст и Ансимут биле заробени од Аварите и за нив бил нуден откуп од голема количина на злато.На местото на Коментиол за воен стратег бил поставен Јован Мистиг а за хипостатег Лангобард Дроктон.Одлучната битка се водела кај [[Адрианопол]],каде што Византиската војска извојувала победа над Аварите и тие се повлекувале преку Дунав.Во 558 год. биле обновени непријателствата и Аварите ги нападнале Скитија и Мезија а во следниот напад заедно со Словените ја завземале Тесалија,Хелада,Стар Епир,Атика,Евбојаи стигнале на Пелопонез.Кон крајот на 591 и почетокот на 592 год.царот Маврикиј склопил мир со [[Персија|Персијанците]] за да ја префрли војската на балканот.за да се одржи мирот на Аварите им бил плаќан данок се до 593 год.кога каганот побарал зголемување на данокот кое барање Византијците го одбиле и започнала нова војна.
 
==Новата војна со Византија==
 
Како и во претходната војна борбите започнале околу Сингидунум.Аварската коњаница морала да ги премине Дунав и Сава.Каганот им наредил на Словените да градат чамци кои населението на Сингидунум ги спалувало.Аварите успеале да поминат една од реките и го опколиле градот.Меѓутоа каганот наредил повлекување на војската и таа се повлекла во шаторите.Војската се улогорила во Сирмијум.Војската ја преминала Сава кај Сирмиум и се поделила во два дела.Едниот дел тргнал во грабеж со намера да сее страв и со него раководел Аварскиот војсководач Самур.Вториот дел бил под команда на самиот каган и за пет дена стигнал до Бононија.Од Бононија ги продолжил нападите се до Хераклеја на Мраморното море.Тука Аварите уништиле еден дел од царската коњаница и ја запалиле црквата посветена на маченицата Гликерија.Со овој напад Аварите за прв пат непосредно го загрозуваат Цариград.Потоа Аварите ја запоседнале тврдината Чорлу кај Хераклеја.Опсадата траела до есен.Еден од Византиските офицери намерно дозволил Аварите да го заробат и да му го пронајдат писмото во кое пишувало дека царот Маврикиј планирал изненаден поход против Аварите.Стартегот Приск водел борба со Словените на долен Дунав и тргнал во офанзива на левиот брег.Победите над Словенските племенски водачи Ардагаст и Мусокија изразиле недоверба кај аварскиот каган.Царот Маврикиј го сменил стартегот Приск а за нов заповедник го поставил неговиот брат Петар.Поради бунтот на византиските војници Приск ги пренел војниците на десниот брег на Дунав.Ова било причина за доаѓање на аварско пратеништво во Пирсковиот логор.Меѓу Аварите имало и такви кои не сакале војна.Ова струја ја предводел кагановиот пратеник Таргитиј.Кај каганот како пратеник отишол докторот Теодор кој го одвратил од војната.Пирск им испорачал на Аварите 5000 заробени Словени но ова наишло на отпор во цариградскиот двор.Следната 595 год. операциите против Аварите ги предводел братот на царот Петар.Тој водел борби со Словените во долна Мезија,околу Марцианапол и Византиската војска избила на Дунав кај градот Асемон на брегот на реката Асма кај Никополис.Тука тие изгубиле една битка со Бугарите кои биле аварски поданици.Војната со Словените доживеала пораз и довело до нови промени во војниот врв на чие чело повторно застанал стратегот Приск.Во 596 год од Астик Приск избил на Дунав и стигнал во Горна Нова.По неуспешните преговори со Аварите војната продолжила.Повторно прв на удар на Аварите бил Сингидиунум.Аварите го срушиле Сингидунум и извршиле масовно преселување на населението во Сирмиум.Византиската војска се префрлила на ада Синг а од таму во Константинопол каде започнале нови преговори со каганот.Бидејќи каганот се заканувал дека ке ги уништи Византиските градови Пирск го испратил својот помошник Гудиин во Сингидунум.Аварите поставиле обрач од запрежни коли кој не ги издржал нападите. Следната 597 год.Аварите тргнале преку Мезија и Тракија кон Црно Море и Цариград.Во овој напад била погодена провинцијата Далмација во која Аварите срушиле 40 тврдини и градот Вонке.Гудуин пратил 2000 хоплити да ја следат аљварската војска , тие фатиле тројца пијани Авари кои го издале местото каде што го собрале пленот и Гудуин им го собрал пленот и му го испратил на стратегот Приск. „За осумнаесет и повеќе месеци измеѓу Ромеите и варварите на Дунав не се случило ништо што било врено да се спомене.Во есента 599 год.каганот со војска продрел до кастумот Томеа,каде што аварската војска презимила. „Царската војска пред Велигден патила од глад а каганот,кога слушнал за тоа чудо побарал од стратегот Приск коли на кои ке испрати намирници за поклон за да може војската среќно да ги проведе празниците.За возврат Приск му дал на каганот бибер,разни мириси цимет идр.Војсководецот Коментиол бил поставен за командант на војската која тргнала кон Никополеза да се судрат со Аварите.Во Долна Мезија на реката Јантрос Аварите го поразиле одредот на Коментиол.Потоа паднала тврдината Дризипера.Меѓу Аварите се појавила чума која одземала животи на седум каганови синови.Дошло до преговори во тврдината Дризипера каде што бил сколопен мир.Дунав повторно станал граница меѓу Византиското царство икаганатоти [[Kаганат]]от.Византија [[Византија]]добила право да поминува преку Дунав и да се бори против Словените. [[Византија]] го зголемила данокот од 100000 на 120000 златници.Но веќе во 600 год. [[Византија]] го раскинала договорот.[[Маврикиј Тибериј (владетел)|Царот Маврикиј]] испратил војска на левиот брег на Дунав,стратегот Приск ја превземал врховната команда.Дошло до нова битка во која загинале 300 Византиски војници, а 4000 аварски војници.И на крајот борбата завршила со пораз на Аварите.После десет дена дошло до нов судир.Аварите повторно биле поразени и се повлекле на Тиса.На Тиса се одиграле две битки во кои Византијците извојувале победа.После битката Тиса ја преминале 4000 војници кои влегле во три гепидски села каде убиле 30000 луѓе и се вратиле назд со плен.После битката Авариете повторно навалиле на Тиса каде повторно доживеале пораз. По победата над Аварите византиската војска заробила околу 3000 Авари,8000 Словени 3200 Гепиди и останати варвари.Приск ги испратил заробениците во Томеа кај Рацијарија поради што било испратено аварско пратеништво во Цариград кое го натерало царот Маврикј га ги ослободи заробениците и бил постигнат мир.Во 601 год.царевиот брат Петар станал стратег на Европа и со војска избил на Дунав во Паластол а во есен се префрил во Дарданија бидејќи дознал дека се собрал нов аварски одред под водство на војсководецот Апсих.Дошло до преговори меѓу стратегот Петар и Апсих и се договориле Византијците да се повлечат во Тракија а Аварите во каструмот Константиол.Во 602 год.Византијците биле известени дека каганот планира нов напад на Цариград.Стратегот Петар се спремил за војна против Словените кои биле под аварска власт.На чело на флотата што што преминувала преку Дунав бил поставен Стрибон Бон а на чело на војската хипостратегот Гудуин.Гудуин извојувал значајни победи над Словените.Дошло до аварско –византиски сојуз против Словените.
 
==Сојузот на Аварите и Византија против Словените==
 
Во овој поход Аварите ги уништиле и раселиле Антите чие што име не се помнува веќе во изворите.Во меѓувреме дошло до одредени судири меѓу аварските кланови и еден дел од нив побегнале на територија на [[Византија]].Во редовите на византиската војска дошло до побуна на која ја предводел центурионот Фока кој станал нов император.За време на царот Фока владеел мир меѓу [[Византија]] и Аварите.Тој го зголемил данокот од 120000 златници на 200000 златници.Византијската војска се префрлила кон исток да се бори притв [[Сасанидско царство|Персијанците.]]Аварите заедно со [[Словените]] започнале да навлегуваат на блканот и да пустошат. „На едно место скитските Хариби(Авари),правејќи се мирни,разбојнички ограбувле а на друго место волците Словени застанувајќи заедно копнената борба ја прошируваат на море.
 
==Словенско-аварски сојуз против Византија==
 
После поразот кај Солун Словенските племиња побарале помош од Аварите за борба со [[Византија]].Словенските претставници му ветиле на каганот добар дел од пленот ако им помогне да го освојат Солун.Бил постигнат договор меѓу Аварите и Словените и каганот се упатил кон Солун со еден одред коњаница.Аварите убиле и заробиле повеќе земјоделци со добиток и алат.Ова предизвикало паника во Солун.Неколку години подоцна и самиот каган пристигнал кај Солун и го опколил поставувајќи војни справи.На градот му пристигнала воена помош на чело со префектот Хариј.Кога видел дека не може да го освои градот каганот почнал да изнудува дарови но бил одбиен и заради одмазда ги запалил црквите надвор од градот.На карајот граѓаните морале да му удоволат на каганот и тој се повлекол,опсадата траела 33 дена.Истата година бил завземен Драч. „Аварите „валканиот народ“ се населиле во Драчката и атинската област .пред нив Лакедајмонците побегнале во Сицилија каде се населиле во долината Демен,недалеку од Таормина и одтаму вршиле постојани поморски напади на Аварите кај Драч.Првиот аварски напад на Цариград се случил во 623 год.Каганот и царот Ираклиј биле во преговори за мир.Аварската војска дошла до Теодосиевиот зид и заробиле бројно население и извршиле грабежи.Биле ограбени неколку цркви меѓу кои Св.Кузме и Св. Дамјан во Влахерини и Св. Архангел во Промонт.Целиот плен и заробениците биле одведени преку Дунав,а самиот цар Ираклиј едвај се спасил бегајќи во Цариград.Кганот започнал нов напад на Цариград бидејќи царот Ираклиј заминал во Мала Азија да се бори со Персијанците.Аварската војска се наоѓала во Тракија. „Над Цариград се надвил злокобен виор од Тракија.Аварски коњаници избиле кај Дуги .Тие сакале да воспостават врски со Персијанците под водство на Шахрабараз, на Халкедон.Магистерот Бон испратил делегација на преговори со Аварите.Меѓутоа обидот за преговори бил без успех.Каганот барал храна за своите војници и граѓаните на Цариград му испратиле.Петот ден од опсадата делегација од граѓани водела преговори за примирје но но Аварите поставиле неприфатливи услови а тоа било сите граѓани да го напуштат Цариград со една кошула.Аварите се договориле со Персијанците заедно да го завземат предгадието на Цариград и да ги срушат сите цркви ицарски приватни куќи.Аварите ја завземале црквата св. Богородица и тука се утврдиле.Магистерот Бон дал предвремен сигнал за напад и Словените тргнале од реката Барбис во напад.Биле попалени со таканаречен Грчки оган голем број загинале а преживеаните се правеле мртви или се крилеле.Опсадат траела 9 дена од 29 Јули 626 год.На крајот Аварите биле поразени.Последиците од поразот биле катастрофални за Аварите.Поразот на Аварите го натерало Персискиот војсководец Шахрбараза да се повлече од Халкедон.Дошло до раскол во аварската војска и голем број Авари избегале во Цариград.Каганот наредил да се погубат поглем број Словени што ги сметал за виновни за поразот и тоа довело до судири измеѓу Аварите и Словените. „Партите со оган ги пустошат Персијанците и Скитите (Аварите) ги убиваат Словените и потоа стануваат убиени,и, окрвавени со меѓусебно убивање во многу работи се попречени за водење единствена борба.“
 
==Вториот каганат и Византиското царство==
 
Контактите меѓу Каганатот[[Каганат]]от и [[Византија ]]се обновуваат во 678 год. после неуспешната арапска опсада на Цариград.Истата година царот [[Константин IV]] извојувал победоносен мир кај западните кралеви кои барале мир и сојуз со Цариград и му праќале поклони и заедно со нив се јавува и аварскиот каган. „А царот попуштил на нивните милби и го одобрил мирот како господар.Аварите претставувале опасност за новата Бугарска држава.Еден дел од бугарските кланови под водство на Кувартовиот син се населиле во Каганатот во Панонија признавајќи ја врховната власт на каганот.Во областа околу Сирмиум Аварите населиле ромејско население кое говорело [[Грчки јазик|Грчки]] и се измешало со Аварите и Бугарите но го задржило христијанството.Аварите ова население го сметале за посебно и каганот за водач им го поставил Кувер кој ја признал врховната власт на каганот.Ромеите заедно со останатото население се кренало против аварите.Во разни битки против аварите од 680 до 685 год.На крајот тие ги победиле Аварите и каганот бил приморан да се повлече на север.Длабоко во внатрешноста на балканот во Епир се задржал еден помал аварски енклав до крајот на 8 век.Од крајот на 7 и почетокот на 8 век каганатот не претставувал посебен фактор на балканот.Од 811 год.византискиот цар [[Никифор I Константинополски|Никифор]] повел офанзива против Бугарите . Бугарите собрале на своја страна аварски наемници заедно со Словени и во една битка му нанеле тежок пораз на Византиското царство.Војската била разбиена а византискиот цар Никифор загинал.Во 814 год.на новиот цар му пристигнала вест за нов напад од страна на Бугарите на чија страна имало и Авари но до тоа не дошло поради смрта на бугарскиот цар [[Крум]].
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Авари