Разлика помеѓу преработките на „Социологија“

Додадени 24 бајти ,  пред 8 години
Структурата и независноста (самостојноста) претставуваат една постојана онтолошка дебата во општествените теории: „Дали општествената структура го одредува нечие однесување, или тоа е човековата независност?“ Во овој контекст, „независност“ подразбира можноста на лицата да делуваат независно и да вршат слободен избор, додека пак „структура“ подразбира факторите кои ги ограничуваат или влијаат врз тие избори и постапки на лицата (како што се општествените класи, религијата, полот, етничката припадност итн.) Дискусиите за тоа која иам предност, структурата или независноста, се поврзани со суштината на социолошката епистемологија („Од што се состои општествениот свет?“, „Која е каузата во општествениот свет, а кој е ефектот?“). Општиот став на неверување (скептицизам) кон структуралната или независната мисла довел до развивање на мултидимензионални теории, од кои највпечатлива е теоријата на структурирањето на Талкот Парсонс и Антони Гиденс.
 
===Методологија на истражувањесоциолошките истражувања===
[[Податотека:Lazarsfeld.jpg|мини|150п|лево|Пол Лазарсфелд ]]
Пол Лазарсфелд е наречен „основач на модеранта емпириска социологија“ за неговите бројни доприноси во полето на методологијата.
Социлозите се поделени во групи за поддршка на некои конкретни истражувачки техники. Овие расправии се поврзани со епистемолошките дебати во историското јадро на општествената теорија. Иако се многу различни од повеќе аспекти, и квалитативните и квантитативните пристапи вклучуваат систематска интеракција помеѓу теоријата и податоците. Квантитативните методологии заземаат доминантно место во социологијата, особено во САД. Во двата најчесто цитирани журнали на оваа дисциплина, написите за квантитативниот пристап се побројни од оние за квалитативниот пристап за еднаш или двапати. (Повеќето написи објавени во најголемите британски журнали пак, од друга страна, се со квалитативен пристап.) Повеќето учебници за методологијата на истражувањето на општеството се напишани од квантитативна перспектива, а самиот термин „методологија“ честопати се користи како синоним со зборот „статистика“.Практично сите докторатски програми во САД во полето на социологијата бараат добра обученост во сферата на статистичките методи. Исто така, поголемиот дел од јавноста ја смета работата што ја вршат квантитативните истражувачи за „нешто на што може повеќе да му се верува“ и за „непристрасна“, иако оваа оценка постојано е на удар на антипозитивистите.
 
Изборот на метода честопати зависи во голема мера од тоа што конкретно истражувачот намерава да истражува. На пример, еден истражувач кој е засегнат со изработка на енда статистичка генерална табела за една цела популација, може да подготви прашалник за еден репрезентативен примерок на испитаници од популацијата. Наспроти него пак, истражувачот кој трага по целосно контекстуално разбирање на постапките на едно лице во општеството, може да се реши за етнографско набљудување на испитаниците, или отворени интервјуа. Проучувањата обично ги комбинираат или ги „триангулираат“ квантитативните и квалитатитните методи, како дел од „мултистратешкиот“ пристап. На пример, едно квантитативно проучување може да се изврши со цел на добивање на статистички шеми или некој целен примерок, а потоа да се комбинира со квалитативни интервјуа, за да се одреди улогата на факторот независност (самостојност).
 
==Одбирање на примерок==
Анонимен корисник