Социологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
неточни и нецелосни податоци
Ред 67:
===Функционализам===
1. Почетоците
 
Во раните децении од 20 век израснува еден вид систематско проучување за општествениот живот кое е именувано како функционализам. Тоа во себе ги содржи суштествените елементи на холистичките и органистичките теории, но согледано е како ново затоа што вклучува и некои нови согледувања во пристапот на проучувањата на општествата, како и за нивните базични карактеристики. Се јавува прво во антропологијата, во вид на воопштувања за животот на малите племенски општества, засновани на теренски истражувања кои се спроведуваат во мали примитивни општества во оддалечените острови на Тихиот Океан, а потоа, во периодот на Втората светска војна (малку пред неа и по неа), и во социологијата - како настојување да се изградат теориски модели за општествата како системи, кои понатаму ќе бидат ставени во служба на емпириските истражувања на современите комплексни општества. Првиот чекор во овој обем е направен во 1906 г. со престојот на Афред Редклиф-Браун на Андаманските Острови. Потоа следува престојот на Бронислав Малиновски на островите на Меланезија во 1914 г. Од овие престои произлегуваат повеќе научни трудови, какви што се : ''Андаманските Островјани'' и ''Структура и функција на примитивните општества'' на Редклиф-Браун и Аргонаутите на Западниот Пацифик и Научната теорија на културата на Малиновски. Во контекст, пак, на социологијата, првата првата појава на овој план е делото на талкот Парсонс ''Структура на општествената акција'' (1937).