Социологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
правописни поправки
правописни поправки
Ред 66:
 
===Функционализам===
Како една широка парадигма и во социологијата и во антропологијата, функционализмот ја третира општествената структура како една целина, во смисла на една неопходна функција на нејзините составни елементи. Општата аналогија (популаризирана од Херберт Спенсер) е да се третираат нормите и институциите како „органи“ кои функционираат во правец на правилно функционирање на целото „тело“ на општеството. Перспективата беше имплицитна во првичниот социолошки позитивизам на КомтКонт, но беше целосно развиена во теорија од ДуркеимЕмил Диркем, повторно почитувајќи ги структуралните закони. Функционализмот исто така има антрополошки основи во делата на теоретичарите како што се Марсел Мос, Бронислав Малиновски и Редклиф-Браун. Специфичното користење на префиксот „структурален“ се појави со Ретклиф-Браун. Kласичната функционална теорија обично се спојува со нејзината усмереност кон биолошката аналогија и поимите од општествениот еволуционизам. Како што вели Гиденс: „Функционалистичката мисла, од КомтКонт па наваму, гледала особено кон биологијата како наука која обезбедува најблизок и најкомпатибилен модел за општествената наука. Билогијата е земена да обезбеди водич кон концепцирањето на структурата и на функцијата на општествените системи и да ги анализира процесите на еволуцијата, преку механизми на адаптирање... функционализмот силно ја нагласува преголемата возвишеност на општествениот свет над неговите индивидуални делови (на пример, неговите составни елементи, човечките суштества)“.
 
===Теорија на конфликт===