За македонцките работи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.216.25 (разговор), вратено на последната верзија на Luckas-bot
Ред 60:
Мисирков го прифаќа [[Кирилица|кирилското]] писмо и составува [[азбука]] врз современи принципи. Во македонската кирилица тој воведува неколку нови графеми: i, к‘, г‘, н‘, л‘, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Исто така, во согласност со фонетскиот правопис инсистира на бележење на едначењето по звучност.
 
Во лексиката, и особено во зборообразувањето, инсистира на народна лексика и на живи зборообразувачки модели: ''дележ'', ''продолжаач'', ''опитуачка'' и слично.koga misirkov se vratil od belgrat bi progonuval negovata kniga imala 120 stranici.
 
== Бугарската гледна точка ==
 
Бугарската наука тврди дека Мисирков јaвно се откажува од пишувањата во својата книга објаснувајќи дека „настапил како импровизиран политичар по македонското прашање". Таа го посочува и податокот дека и во предговорот Мисирков пишува дека целото словенско население на Македонија, во 1903, се нарекува бугарско, но поради тоа што Грците ги нарекувале со ова заедничко име Словените и Бугарите (за кои Мисирков тврди дека се монголско племе<ref>''<small>Но над много Византиiа пострада од народот бугари, од монголцко племе, коi шчо опустошуаше се шчо ке му се попаднит во Византиiа. Во полчишчата на тоi народ имаше и словени, коiи се броiеiа од византиiците пак за бугари. Наi голем удар доби Византиiа од бугарите, коiи шчо зедоа од неiа голем дел неiни земiи, заселени со словени, и од ниф образуваа iедна голема и силна држаа, коiа од VIII век до идеiн'ето на турците на Балканцки полуостров, готоо постоiано наносеше на неiа iеден удар за друг... Словените од Бугариiа и Македониiа наi напред беа само соiузници на бугарите во воiните со Византиiа. Но соiузните со бугарите словенцки полчишта беа во очите на неприiателите т. е. византиiците пак бугарцки. Значит византиiците зафатиiа да прекрстуваат словените ушче од времето на Аспарухоата орда. Постоiаната борба рамо за рамо со бугарите и напраи ниф iеден народ со бугарцко име, но со словенцки iазик. Бугарцкото име мег'у словеиите беше попул'аризирано од грците, и оно, прво, означааше само бугарите — монголите, после нивните воени соiузници, после бугарцките поданици и наi после стана етнографцки термин за бугарцките словени. Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значеiн'е: наi ненавистни за ниф варвари, л'уг'е не образоани, груби, коiи граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко</small>''.</ref>), дојденци од Азија, така што ова име останало кај Македонците. Затоа што тие така сакале, но не значи дека било тоа точно. Бугарите и до ден денес не го признаваат македонскиот литературен јазик.
kako ne
 
== Наводи ==