Младотурска револуција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 62.162.217.198 (разговор), вратено на последната верзија на Mathonius
Ред 47:
== Младотурците и ВМОРО ==
 
[[Податотека:Sandanski, Dimo Hadzhi Dimov, Todor Panitsa with Young Turks.jpg|мини|десно|250п|Санданисти и младотурски офицери]]
ИГОР И ЖАРКО ДА НЕ УЧАТ
[[Податотека:Jane_Sandanski_Manifest_1908.jpg|мини|десно|250п|Манифест од 18 јули 1908 година]]
 
Во Младотурската револуција било инволвирано и македонското население. Во неа учество зеле и [[Македонци]] на чело со [[Јане Сандански]] кои се бореле за целите на Младотурците како и за добивање на автономија.
 
Откако уставот бил вратен на сила, четите на [[ВМОРО]] по наредба на Јане Сандански слегле од планините во градовите и учествувале во свеченостите по повод победата на Младотурците.
 
На [[31 јули]] [[1908]] година Сандански упатува Манифест до сите народности во Османската империја, во кој, а меѓу другото истакнал:
 
{{Цитатник|''Сонародници,
''Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами - ете зошто вашата борба станува уште полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.''}}
{{Цитатник|''Драги сотатковници,''
''Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот''.
''Бодроста, самопожртвуваноста и постојаната подготвеност за борба - ете што треба да не воодушевува во овој голем момент.''
''Смрт на тиранијата - за да живее народот! Да живее слободата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот!'' <ref>[[:b:Манифест до сите народности во Османската империја 31 јули 1908 г.|Манифест до сите народности во Османската империја]]</ref> }}
 
По доаѓањето на Младотурците на власт уследиле мерки за давање политички слободи. Овој период на слободен живот кој траел кратко време е познат под името ''Хуриет'' (Слобода).
 
Сепак, набрзо се покажало дека Младотурците не ги спровеле реформите онака како што ветувале. Ги задржале постојните феудални институции, дури го оставиле султанот и натаму да владее.
 
== Контрареволуција и нејзино задушување ==