Видое Подгорец: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 146.255.78.43 (разговор), вратено на последната верзија на Dalco26
Ред 39:
Видое Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино, во сиромашно семејство. Во родното село завршил основно училиште, а во [[1950]] година завршил учителска школа во [[Штип]]. Потоа, со неполни шеснаесет години, почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на универзитетот [[„Св. Кирил и Методиј“]] во Скопје, па затоа, студирал како вонреден студент. Во [[1956]] година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни [[1959]] година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за [[југословенска литература]]. Потоа, три години работел како училишен инспектор за [[Штипска околија |Штипската околија]], а во [[1962]] година се вработил во Скопје, во Новинско-издавачкото претпријатие [[„Нова Македонија“]], т.е. во редакцијата [[„Детска радост“]], како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“.<ref>Видое Подгорец, ''Белото циганче'', НИП Нова Македонија, Скопје, 1966, стр. 91-92.</ref> Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Починал на 14 април 1997 година во Скопје. Бил член на [[ДПМ|Друштвото на писателите на Македонија]] од [[1958]] година.<ref>[http://faq.macedonia.org/the.arts/literature/VPodgorec.html FAQ]</ref>
 
== Литературно творештво ==
 
Видое Подгорец започнал да пишува додека бил ученик во учителската школа во Штип, а малку подоцна, непосредната работа со децата (како учител) имала пресудно влијание за неговата определба за детската литература. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели: само во првите десетина години од своето творештво, веќе објавил околу триесет книги! Неговите дела се преведувани на повеќе јазици, и тоа: [[српски јазик|српски]], [[хрватски јазик|хрватски]], [[словенечки јазик|словенечки]], [[турски јазик|турски]], [[албански јазик|албански]], [[руски јазик|руски]], [[украински јазик|украински]], [[полски јазик|полски]], [[чешки јазик|чешки]], [[словачки јазик|словачки]], [[бугарски јазик|бугарски]] итн. Тој пишувал поезија и проза за возрасни и за деца, а се занимавал и со книжевна критика и [[есеистика]], а покрај тоа, има објавено серија патописи од неговите патувања по [[Блискиот Исток]]. Во продолжение, тој е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: „Незавршена приказна“ (заедно со [[Михо Атанасовски]]) и „Чудесно патување“. Исто така, тој е уредник на две антологии: „Гулаб на мирот“(избор на раскази за деца) и „Вртешка“ (избор на песни за деца). Во [[1969]] година, издавачката куќа [[„Наша книга“]] од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги.