Лудвиг ван Бетовен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 62.162.216.139 (разговор), вратено на последната верзија на WikitanvirBot
Ред 14:
Роден во елегантниот, провинциски град [[Бон]], своите најрани музички лекции ги добива од татко си, тежок и неподнослив човек чие предавање на [[алкохол]]от го прават Лудвиг практично глава на семејството во своите години на младоста. Во 1787 патува во [[Виена]] и почнува да зема часови кај [[Моцарт]], но студиите траат кратко: мора да се врати назад поради смртта на мајка си. Сепак, се враќа во Виена после три години, каде ќе остане до крајот на својот живот. Продолжува со земањето часови, но сега кај Хајдн (од кого тој „не научил ништо“), потоа со [[Јохан Георг Албрехтсбергер|Албрехтсбергер]] и на крајот со [[Антонио Салиери|Салиери]], од кого го учи Италијанскиот вокален стил. Во Виена, престолнината на музиката во [[Европа]] во тоа време, Бетовен се истакнува како виртуоз на клавир од највисок калибар: неговиот првично груб стил, се рафинира откога го слуша пијанистот [[Јохан Штеркел]], по што неговата врвност како пијанист ретко била оспорувана. Пред сè, бил почитуван поради извонредната моќ на импровизирање, без разлика дали било тоа на дадена тема или во развивањето на идејата во рамките на сонатен облик.
 
Бетовеновиот успех, пред сè, е засенет поради проблемите со слухот, кои почнуваат да го измачуваат веќе во 1797. Во 1802, откога медицинските третмани не донесувале никакво подобрување, тој се повлекол извесен период во Хајлигенштад на лечење. Откога и ова се покажало јалово, Бетовен, во пред самоубиствена [[депресија]], пишува очајничко и жестоко писмо кон своите двајца браќа i trojcata btakje . he, првпат отворено откривајќи ја својата болест и објаснувајќи ја причината поради криењето на истата. Наведува и дека својата иднина ја гледа како „прогоненик; во општеството можам да влезам единствено поради најосновните потреби“. Само неговата уметност го има спречено да си го одземе животот „ми се чинеше невозможно да го напуштам светот пред да го извлечам сето она коешто го чувствувам во себе“.
 
Сите приказни за Бетовеновата мизантропија, неговата ексцентричност и лудило, датираат од времето на опаѓањето на моќта на [[слух]]от, која многу често му причинува и огромна физичка болка. Станува напорен како личност, фрустрациите и лутината поради својата состојба го прават премногу остар, а трпението на неговите блиски роднини и пријатели – редовно е ставано на тест. Карл, неговиот внук и штитеник, станува толку потиштен од цврстината на вукјо си (кој му забранувал да се гледа со неговата мајка), што посегнува по својот живот како би се ослободил од него. И покрај сето тоа, моќта на шармот на композиторовиот карактер е толку голем што тој остварува бројни блиски врски со жени, иако повеќето од нив мажени благороднички, па според тоа и недостижни. Идентитетот на Бетовеновата најголема љубов, „Бесмртната Љубена“, останува мистерија до ден денешен. Најверојатна претпоставка е дека тоа била [[Антонија Брентано]], чиешто најмладо дете многу веројатно го има зачнато тој.
Ред 112:
[[haw:Ludwig van Beethoven]]
[[hy:Լյուդվիգ վան Բեթհովեն]]
hfd r[[hr:Ludwig van Beethoven]]
[[io:Ludwig van Beethoven]]
[[ilo:Ludwig van Beethoven]]