Џозеф Кемпбел: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 116:
 
Кембел учи митологија кај професорот [[Хајнрих Цимер]] уште додека како лад студент ја посетува Колумбија. Цимер ќе го научи Кембел дека митот (а не гуруто или духовниот водач) може да има улога на личен ментор, и дека приказните конструираат една психолошка патна карта за наоѓање на излез од лавиринтот на сложениот модерен свет. Цимер повеќе се посветува на значењето на митовите (нивните симболи, метафори, сликовитост, итн.) како извор за психолошка реализација а не како причина за психоанализа. Кембел потоа позајмува од интерпретативните техники на Јунг и ги преобликува на начин што се доближува до Цимеровите ставови - толкување директно од светската митологија. Ова е многу важна дистинкција бидејќи ни овозможува да сфатиме зашто Кембел не ги следи Јунговите стапки без притоа да внесе нешто ново и оригинално во нив.
 
===Влијание на Кембел врз филмската индустрија===
 
[[Џорџ Лукас]] е првиот режисер од [[Холивуд]] кој отворено го признава влијанието на Кембел врз неговите дела. Веднаш по излегувањето на првиот филм од неговиот серијал ''[[Војна на ѕвездите]]'' во [[1977]] година, Лукас ќе рече дека приказната е обликувана, делумно преку идеите обработени во ''[[Херојот со илјада лица]]'' од страна на Кембел. Врската меѓу ''Војната на ѕвездите'' и Кембел станува поизразена во подоцнежниот период кога на корицата на следните изданија на Кембеловото дело е прикажан [[Марк Хамил]] како [[Лук Скајвокер]] на насловната страница.<ref>[http://www.pupress.princeton.edu/titles/234.html Princeton Press.]</ref> Лукас зборува за ова влијание во рамките на официјалната биографија на Кембел, ''Џозеф Кембел: Оган во умот'' од [[Стивен Ларсен|Стивен]] и Робин Ларсен:
 
:''[Лукас] заклучив по ''[[Американски графити]]'' дека важно е за мене да поставам стандарди, не да им го покажувам на луѓето светот онаков каков што е... во текот на периодот на оваа само-реализација... ми падна на памет дека во основа нема модерна употреба на митологијата... [[Вестерн (жанр)|Вестерните]] беа веројатно последните воопштени американски [[бајка|бајки]], кои ни ги откриваа вредностите. Во мигот кога тие исчезнаа, ниту еден друг жанр не им го зазема местото. Во книжевноста се впуштивме во потрага по светот на научната-фантастика... тогаш започнав понапорно истражување на бајките, [[фолклор]]от и [[митологија]]та, поради што и почнав да ги читам книгите на Џо[зеф]. Претходно немав прочитано ниту една од Џоовите книги... Беше навистина морничаво кога ја читав ''[[Херојот со илјада лица]]'' бидејќи тогаш сфатив дека првобитната скица на мојата приказна за ''[[Војна на ѕвездите]]'' следеше класични мотиви... затоа ја продолжив работата врз таа драфт-верзија [на ''Војна на ѕвездите''] следејќи го она што го научив од класичните мотиви и се обидов да ја направам малку поконзистентна... Потоа ја читав 'Маските на Бог' и уште многу други книги'' (Ларсен и Ларсен, 2002: 541).
 
Сепак, се до завршувањето на оригиналната трилогија на ''Војна на ѕвездите'' во [[1983]] година, Лукас го немал запознаено Кембел ниту пак присуствувал на некое од неговите предавања.<ref>[http://www.well-rounded.com/movies/reviews/lucas_intv.html Џорџ Лукас: заокружено интервју.]</ref>
 
Документарниот филм од [[1988]] година ''[[Моќта на митот]]'' се снима на Лукасовиот ''Скајвокер ранч''. Во текот на своите интервјуа со [[Бил Мојерс]], Кембел дискутира како Лукас го има искористено неговото ''Патување на херојот'' во ''[[Војна на ѕвездите]]'' (IV, V и VI) во обид да ја пресоздаде митологијата за модерните гледачи. 12 години подоцна, во [[1999]] година, Мојерс и Лукас, снимаат едно интервју по име ''Митологијата на Војна на ѕвездите со Бил Мојерс и Џорџ Лукас'' во кое Лукас понатаму ги разработува влијанијата на Кембел врз неговите филмови.<ref>[http://www.films.com/id/11017/The_Mythology_of_Star_Wars_with_George_Lucas_and_Bill_Moyers.htm Митологијата на Војна на ѕвездите со Бил Мојерс и Џорџ Лукас.]</ref> ''Националниот музеј за вселената'' кон крајот на 1990тите спонзорира изложба наречена ''Војна на ѕвездите: Магијата на митот'', во која понатаму се прикажува на каков начин Кембел учествува во создавањето на приказната на ''Војна на ѕвездите''.<ref>[http://www.nasm.si.edu/exhibitions/StarWars/sw-unit1.htm Војна на ѕвездите: Магијата на митот.]</ref> Истоимен придружен водич е издаден во [[1997]] година.
 
[[Кристофер Воглер]], сценарист во Холивуд, исто така е во голема мера влијаен од Кембел. Воглер има напишано 7-стран потсетник насловен ''Практичен водич кон херојот со илјада лица'',<ref>[http://www.online.pacifica.edu/cgl/lucas Џозеф Кембел и Скајвокер: средби со Џорџ Лукас.]</ref>, кој станува основа за создавањето на Дизниевиот ''[[Кралот Лав]]''. Воглеровиот потсетник подоцна ќе стане книга - ''[[Дневникот на писателот: митска структура за писатели]]''.
 
[[Џон Дејвид Еберт]], постар уредник и соработник во ''Фондацијата Џозеф Кембел'' исто тaка признава дека неговата книга ''Целулоидни херои и механички змејови: филмот како митологија на електронските општества'' многу им должи на Кембеловата студии.
 
==Контроверзност==
Неколку години по неговата смрт, неколку критичари на Кембел го обвинуваат митологот за анти-семитизам. Обвиненијата за првпат се појавуваат во статијата на [[Брендан Гил]] "Лицата на Џозеф Кембел," издадена на [[28 септември]] [[1989]] година. Гил, кој се идентификува себеси како пријател на Кембел од ''Century Association'', пишува дека својата статија ја пишува како одговор на големата популарност на ''[[Моќта на митот]]''. Професорот по [[религија]] Роберт Сегал го поддржува Гил во статијата "Џозеф Кембел за Евреите и јудаизмот". Тука Сегал ја ублажува критиката на Гил велејќи дека ставовите на Кембел се јавуваат, во одредена мера, како резултат на неговата тенденција да биде на моменти остар во својата критика на некои аспекти од организираните религии, за што Кембел, во својата проштална серија предавања, ''Трансформации на митот низ времето'' ќе рече дека е негова основна задача.<ref>Tранскрибирано од истоимената книга.</ref>
 
Најголем дел од научниците воопшто не се согласуваат со воопштените критики на Гил и сосема ја отфрлаат тезата за анти-семитски изглед на Кембеловите ставови. Неколку месеци по појавата на Гиловата статија, ''Њујоршка рецензија на книги'' објавува серија писма насловени "Брендан Гил vs. Бранителите на Џозеф Кембел". Сите писма, во главно пишувани од поранешни студенти и колеги на Кембел, ги порекнуваат обвиненијата. Особено професорите Роберта и Питер Маркман ќе се изјаснат дека "биле ужаснати бидејќи овој обид за персонален атентат е извршен без учество на никакви докази." Гил, како одговор на овие писма, продолжува да ги брани своите ставови.
 
[[Стивен Ларсен]] и Робин Ларсен, авторите на биографијата "Џозеф Кембел: Оган во умот," (2002) исто така го искажуваат својот став против, како што тие велат "таканаречените анти-семитски обвиненија". Во текстот тие пишуваат: "Само за да се знае, Кембел не припаѓаше на ниту една организација која негувала каков и да е вид на расна или социјална пристрасност, ниту пак ние сме запознаени за некој начин на кој тој охрабрувал ваков вид на однесување. Во текот на неговиот живот немавме забележано ваков тип на обвиненија кои јавно би побарале од Кембел да искаже некакви фанатистички ставови или пак да биде притиснат да ги предаде своите предрасуди."
 
==Библиографија==
===Книги на Џозеф Кембел===
*''Кадешто двајцата дојдоа пред својот татко: Навахо воена церемонија'' (1943)
*''[[Клуч кон Финегановото бдеење]]'' (1944) со Хенри Мортон Робинсон, Harcourt, Brace & Co.
*''[[Херојот со илјада лица]]'' (1949). Pantheon Books. Princeton University Press.
*''Летот на дивиот гусак: истражување со митолошки димензии'' (1951). Viking Press.
*''Маските на Бог'' (1959–1968). Viking Press:
**''Том 1, Примитивна митологија'' (1959)
**''Том 2, Ориентална митологија'' (1962)
**''Том 3, Окцидентална митологија'' (1964)
**''Том 4, Креативна митологија'' (1968)
*''[[Митови според кои се живее]]'' (1972). Viking Press.
*''Еротична иронија и митски форми во уметноста на Томас Ман'' (1973)
*''Митската слика'' (1974). Princeton University Press.
*''Длабоките допири на далечната вселена: Метафората како Мит и Религија'' (1986). Alfred van der Marck Editions.
*''Историски атлас на светската митологија''
**''Том I: Патот на животинските моќи'' (1983). Alfred van der Marck Editions.
***''Дел 1: Митологиите на примитивните ловци и собирачи'' (1988)
***''Дел 2: Митологијата на Големиот Лов'' (1988)
**''Том II: Патот на посеаната земја''
***''Дел 1: Жртвата'' (1988). Alfred van der Marck Editions.
***''Дел 2: Митологиите на примитивните садачи: Северна Америка'' (1989). Harper & Row.
***''Дел 3: Митологиите на примитивните садачи: Средна и Јужна Америка'' (1989). Harper & Row.
*''Трансформација на митот низ времето'' (1990). Harper and Row.
*''Придружник на Џозеф Кембел: Размислувања за уметноста на живеењето'' (1991). уредник Дајен К. Озбон.
*''Митски светови, модерни светови: за уметноста на Џејмс Џојс'' (1993). уредник Едмунд Л. Епштајн
*''Митската димензија: Избрани есеи (1959-1987)'' (1993). уредник Ентони фан Куверинг.
*''Бакшиш и брахман: индиски дневници (1954-1955)'' (1995). уредници Робин/Стивен Ларсен и Ентони фан Куверинг.
*''Ти си тоа: Трансформација на религиската метафора'' (2001). уредник Јуџин Кенеди, New World Library.
*''Саке и Сатори: азиски дневници - Јапонија'' (2002). уредник Дејвид Кудлер.
*''Митови за светлината: источни метафори за Вечноста'' (2003). уредник Дејвид Кудлер.
*''Патишта до блаженство: Митологија и лична трансформација'' (2004). уредник Дејвид Кудлер.
 
==Белешки==