Милан Ѓурлуков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
Во Прилеп во 1904 година ја извршува смртната пресуда врз местниот свештеник Спас Игуменов. Ѓурлуков станува секретар и помошник-војвода на [[Ванчо Србаков]], а по неговата смрт ја презема четата. [[Даме Груев]] го испраќа за војвода во Светиниколскиот регион, во кој во 1907 година е реонски војвода со чета од 4 луѓе. Милан Ѓурлуков е делегат на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] во март 1908 година, а подоцна е избран за велешки војвода, но по наредба на [[Тодор Александров]] останува во [[Свети Николе]]. Уапсен и е затворен затворите во [[Куманово]] и [[Скопје]], по разоружителната акција на Шевкет Тургут паша во септември 1910 година е повторно уапсен во [[Битола]]. Преминува во [[Бугарија]] и уште декември се враќа со чета во Македонија, за да организира, по наредба на [[Трансформација на ТМОРО во ВМРО (Автономистичка)|ЦК на ВМОРО]], напад врз турскиот султан Мехмед Решад во близина на [[Скопје]], кој пропаѓа.
 
Во септември 1912 година Милан Ѓурлуков учествува во [[Првата балканска војна]] на чело на партизанска чета № 51 на [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]]. Четата е составена од 1000 четници и милиционери, заедно со војводите Мирче и Аргир, води борби со турските сили во авангарда на српската армија. Четниците ги напаѓаат во тилот и ги избркале Турците кај Селечка планина и Студеница, што го олеснува преминувањето на Бабунски премин од српските сили. За тоа српскиот принц Александар му се заблагодарил на Милан Ѓурлуков и му подарува убав коњ. Милан Ѓурлуков го посетува штабот на српската армија и го помага, преку Комитетот на ВМОРО во Прилеп, снабдувањето на српската армија. Меѓутоа тој и целата негова чета се уапсени во [[Битола]], за да бидат уништени, но по застапување на странските конзули во градот се ослободени. Подоцна Ѓурлуков е во Зборната партизанска чета при [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]] за време на [[Втората балканска воjна]].
 
Откако [[Србија]] ја окупирала [[Вардарска Македонија]], Милан Ѓурлуков учествува во организирањето на [[Тиквешко востание|Тиквешкото востание]] заедно со [[Тодор Шикале]]в. По започнувањето на [[Втората балканска војна]], неговата четата, заедно со четите на [[Милан Матов]], [[Марко Иванов]] и [[Петар Чаулев]], влегла во рамките Четвртата бугарска армија на генерал Стилијан Ковачев. Така групирани ја поминуваат реката [[Вардар]] и ја преземат станица во Демиркапиј. Продолжуваат да водат борби во централниот дел на Македонија, додека четата е разбиена и во доцната есен на 1913 година Милан Ѓурлуков поминува во [[Албанија]], а оттаму во Бугарија.
 
За време на [[Првата светска војна]], Милан Ѓурлуков е во авангардата на бугарската армија, која напредува кон [[Прилеп]]. Испратени е во штабот на волонтерските единици на генерал [[Александар Протогеров]] и учествува во организирањето на локалната администрација во [[Прилеп]]. По војната, учествува во формирањето на организацијата на македонските војводи и четници [[Илинденска организација|''"Илинден"'']] на 16 декември 1920 година во Софија.
 
== Извори ==