Јордан Спасов: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|300п|Четата на Спасов (во центарот) '''Јордан Сп...
(нема разлика)

Преработка од 17:32, 7 март 2012

Јордан Спасов бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Четата на Спасов (во центарот)

Биографија

Спасов е роден во 1875 година во штипскoто село Кнежје, тогаш во Османлиската империја. Останува без образование и станува четник во ајдустската чета на дедо Димо. Со неа во 1895 година учествува во Мелничкото востание на Македонскиот комитет. При разбивањето на четата е заробен и затворен.

Бил амнестиран и повторно започнал со револуционерна дејност и во 1900 година станува четник во четата на Мирче Ацев. Подоцна долги години е војвода на ВМОРО во Кратовската околија која ја обиколува со чета од 15 души [1].

Бил суден од војводски суд и убиен во првите денови на Хуриетот поради обвинение и инсистирање од страна на Тодор Александров[2].

Извори

  1. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
  2. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 202.