Хановер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 48:
Во 1636, [[Георг (војвода на Брауншвајг-Линебург)|војводата Георг]], владетел на [[Кнежество Каленберг|кнежеството Каленберг]] на Брауншвајг-Линебург, го преместил неговото седиште во Хановер. Војводите на Брауншвајг-Линебург ги добиле титулите кнезови-изборници од Светиот римски император во 1692 и ова било потврдено од соборот во 1708. Така, кнежеството било унапредено во Изборништво Брауншвајг-Линебург, повеќе познато како Изборништво Хановер по главниот град на Каленберг (поврзано: [[Династија Хановер]]). Неговите изборници подоцна станале монарси на [[Велика Британија]] (и од 1801, на [[Обедонето Кралство на Велика Британија и Ирска]]). Првиот од нив бил [[Џорџ I]], кој го наследил британскиот трон во 1714. Последниот британски монарх кој владеел во Хановер бил [[Вилијам IV на Велика Британија|Вилијам IV]]: [[Салиски закон]], кој барал наследување по машка линија, ѝ забранил пристап на кралицата Викторија во Хановер. Како наследник по машка линија на Џорџ I, Кралицата Викторија самата била член на Династијата Хановер. Меѓутоа, нејзините наследници го понеле титуларното име на нејзиниот маж во Саксо-Кобург-Гота. Три крала на Велика Британија, или Обедонетото Кралство, во исто време биле кнезови-изборници на Хановер.
 
Во текот на времето на личниот сојуз на круните на Велика Британија и Хановер (1714–1837), монарсите ретко го посетувале градот. Всушност, во текот на царувањето на последните три заеднички владетели (1760–1837), имало само една краткократкa посета, од [[Џорџ IV]] во 1821. Од 1816 до 1837, претставник на круната во Хановер бил принцот Адолф.
 
Во текот на [[Седумгодишна војна|Седумгодишната војна]], битката кај Хастенбек се случила на 26 јули 1757, близу градот. [[Франција|Француската]] армија ја поразила хановерската армија, водејќи до окупација на градот. Бил повратен од англо-германските сили предводени од војводата Фердинанд од Брауншвајг следната година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хановер