Векторска графика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:VectorGraphicsExample.jpg|thumb|200px|right|Пример за ефектите на векторската графика: (a) изворна векторска илустрација; (b) векторската илустрација зголемена за 8 пати; (c) илустрацијата зголемена 8x како растерска слика. Растерските слики даваат лош квалитет при зголемување, додека векторските слики можат да се зголемуваат до бесконечност без да се изгуби на квалитет. (Овие слики се претворени во JPEG за да може да се прикажат на страницава.)
]]
[[Податотека:Bitmap VS SVG mk.svg|мини|десно|260п|Илустрација на разликата помеѓу векторска и растерска графика]]
Ред 14:
[[Обработувач на векторска графика|Програмите за цртање на векторска графика]] се користат за создавање и обработка на векторска графика. Сликата се менува со обработка на објектите на екранот, а тие потоа се складираат како измени во математичките формули. Математичките опреатори во програмот се користат за растегнување, виткање и боење на компонентите во сликата или пак на целата слика. Овие алатки на корисникот му се прикажани интуитивно, со кориснички интерфејс. Сликата на екранот може да се сними и како битмапска/реастерска податотека, или пак да се создаде [[битмапа]] од векторската податотека со било каква резолуција за нејзино користење на било каков уред.
 
Големината на создадената податотека зависи од бараната резолуција, но големината на векторската податотека која го создава битмапската/растерската податотека секогаш останува иста. Затоа претворањето на една векторска податотека во низа најразлични битмапски/растерски [[формат на податотека|формати]], но изведувањето на спротивното е многу потешко, особено кога се бара понатамошна обработка на векторската слика. Добра предност е да се зачува една слика создадена од изворна векторска податотека како битмапски/растерски формат, бидејќи различни системи имаат различни (и некомпатибилнинескладни) векторски формати, а пак некои воопшто не поддржуваат векторска графика. Меѓутоа, штом податотеката еднаш ќе се претвори од векторски формат, веројатно е дека ќе биде поголема, и ја губи можноста за размерливост без губиток на резолуција. Исто така повеќе нема да може да се уредуваат поединечни компоненти на сликата како дискретни објекти.
 
Векторските формати не се секогаш соодветни за графичка работа. На пример, дигиталните уреди како фотоапаратите и скенерите создаваат растерска графика која е непрактична за претворање во вектори, и затоа за ваква работа обработувачот ќе оперира со пиксели наместо со цртање на објекти дефинирани со математички формули. Опсежните графички алатки можат да комбинираат слики од векторски и растерски извори, и можат да имаат алатки за обработка на обете, бидејќи некои делови од сликата може да се создадени со фотоапарат, додека пак други може да се исцртани со помош на векторски алатки.