Разлика помеѓу преработките на „Хановер“

Одземени 82 бајти ,  пред 7 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
'''Хановер''' ({{lang-de|Hannover}}), на реката [[Лајне]], е [[главен град]] на [[Покраини на Германија|покраината]] [[Долна Саксонија]], [[Германија]] и некогаш преку [[личен сојуз]] бил семејно седиште на хановерските кралеви на Велика Британија, под нивната титула како војводи од Брауншвајг-Линебург (подоцна наречено Изборништво Хановер). На крајот на [[Наполеонски војни|Наполеонските војни]] станал главен град на [[Кралство Хановер|Кралството Хановер]].
 
 
Покрај што е главен град на [[Долна Саксонија]], Хановер бил главен град на административниот округ ''Regierungsbezirk Hannover'' (''[[Хановер (административен округ)|Хановер]]'') додека не биле распуштени овие административни окрузи на почетокот на 2005. Од 2001 тој е дел од [[Хановер (регион)|регионот Хановер]] (''Region Hannover''), кој е општинско тело направеносоздадено од поранешниот [[Окрузи во Германија|округ]] (''Landkreis Hannover'') и градот Хановер.
 
Со население од 522.944 жители (1 февруари 2007) [[град]]от е главен центар на северна Германија, познат како еден од домаќините на годишните трговски [[Светски саем|саеми]] како што се [[Хановерски саем]] и [[CeBIT]]. Секоја година, Хановер е домаќин на „Шиценфест Хановер“, најголем фестивал за стрелци во светот и „Октоберфест Хановер“, кој е втор [[октоберфест]] по големина. Во 2000, Хановер бил домаќин на светскиот саем [[Експо 2000]]. Саемскиот простор во Хановер, поради бројните продолжувања, особено за Експо 2000, е најголем во светот. Хановер е исто така од национална важност, поради неговите универзитети и медицинската школа, неговиот меѓународен аеродром и неговата голема [[Хановерска зоолошка градина|зоолошка градина]]. Градот е исто така важна точка како раскрсница на железничните линии и автопати, поврзувајќи ги главните европски линии во правец исток-запад ([[Берлин]] - [[Рур|област Рур]]) и правец север-југ ([[Хамбург]] - [[Минхен]]).