Гоце Тодоровски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Гоце Тодоровски, роден во Кичево, 1951 година. По завршувањето на Факултетот за Драмск...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Гоце Тодоровски, роден во Кичево, 1951 година. По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се вработува во Драмски театар Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.
 
Поважни театарски улоги:
Лука Лукиќ – Ревозор од Гогољ, ДТС
Докторот – Веселата смрт од Евреинов, ДТС
Цанде – Солунски патрдии од М. Попоски
Пантагруел – Пангуриј од Р. Богдановски
Царчето – Чудото на Свети Ѓорѓија од Р. Богдановски
Леле мале – Јадигар од В. Манчев
Питу – Сара Бернар од Џ. Марел
Генералот – Балконот од Ж. Жене
Ринго – Чија си од С. Насев
Ќорле – Кумови од К. Ангеловски
Кирца – Викенд на мртовци, ДТС
Полицаецот – Клаустрофоб, ДТС
Ангеле – Лет во место од Г. Стефановски, ДТС
Докторот – Болва во уво, ДТС
Ангеле – Лет во место, МКЦ
Останати претстави од Драмскиот театар - Скопје: Ловечка сказна, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Клаустрофобична комедија, Собирен центар, Женски оркестар, Грев или шприцер, Харем, Ова не е американски филм, Свадбата на Фигаро, Арлекин - слуга на двајца господари, Мефисто, Сон на летната ноќ, Мала сцена за стари кловнови, Поручникот од Инишимор, Купидона, Ладало и други.
 
 
Детски претстави:
Борила – Чудовиштата од нашиот град
Ерне Немечек – Децата од павловата улица
Главниот капетан - Џон пиплфокс
 
Филмови:
Молерот Кирца - Викенд на мртовци
Црвениот коњ, Големата вода и други...
 
ТВ серии:
Солунски патрдии, МРТВ
Наши години, МРТВ
Македонски народни приказни – 355 епизоди, МРТВ
Бушава азбука, образовна програма, МРТВ
Ајде да се дружиме, МРТВ
Добра ноќ деца, образовна програма, МРТВ
 
Награди:
Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
1986 – најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“