Фернандо Колунга: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
=== Личен живот ===
Фернандо не сака многу да зборува за својот приватен живот. [[Актер|Актерот]] е сеуште ерген. Кога ја снимаше [[Теленовела|теленовелата]] ''„Марија од брегот“ (Maria la del Barrio)'' се запозна со [[Талија]] и тие веднаш се вљубија. Нивната врска траеше една и пол година и не заврши со [[брак]], како што пишуваа мексиканските весници. Денес, [[Талија]] е мажена за [[Томи Мотола]] магнатот на музичката продукција и сопственик на [[Сони]] Мјузик. После врската со [[Талија]], Фернандо не беше во друга сериозна врска. Беше поврзуван со [[Арасели Арамбула]], неговата партнерка од [[Теленовела|теленовелата]] ''„Прегрни ме цврсто“ (Abrazame Muy Fuerte)'', како и со [[актерка|актерката]] Сабине Моусиер. Овие гласини Фернандо жестоко ги демантираше. Поради осаменичкиот живот, во [[Мексико]] се шпекулира за неговата вистинска сексуална определеност. Тој понекогаш вели дека сака да има среќен [[брак]] каков што неговите родители имале.
 
[[Слика:Fernando351.jpg|thumb|left|Фернандо Колунга]]
 
Фернандо живее во куќата на неговите родители, затоа што не сака да живее сам во голема куќа. Тој има страст за [[Мотор|моторите]]. Страста за моторите почнала кога татко му му го купил првиот мотор за 12-тиот роденден но морал да почека за да го вози. Фернандо исто така ги сака и традиционалните мексикански [[јадења]] - „кесаидите и енчиладите“. Тој има две [[Куче|кучиња]] - Макс и Тјара. Негово хоби е гледање добри филмови, возење со мотор, вежбање, бодибилдинг и јавање.