Јане Сандански: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
Ред 13:
== Зачетоци на револуционерна дејност ==
 
Роден е на [[18 мај]] [[1872]] год. во с. [[Влахи]], [[Мелник|Мелничко]] (Сандански, [[Пиринска Македонија]]), [[Бугарија]]. Потекнува од семејство на земјоделци. Татко му, Иван Сандански, е знаменосец на [[Македонско востание|Кресненското востание]], по кое семејството емигрирало во Кнежеството Бугариjа, во градот [[Дупница]], каде завршува основно образование и втори клас гимназија. Две години потоа како чирак го изучува [[чевларство|чевларскиот]] [[занает]]; две години работел како [[молбописец]], помошник [[адвокат]] во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно. Уште во гимназијата почнува да чита револуционерна литература, којашто во него побудува една романтично чуство за долг кон татковината. Во 1895 година стапува во контакт со четата на стариот ајдутин Стојо, и се вклучува во неговата чета - во која што се и офицерот [[Тома Давидов]] и студентот [[Кирил Прличев]] (син на [[Григор Прличев]]). Четата навлегува во Македонија ([[Сер]]ско) и го пали турското село [[Доспат]], во коешто има турска касарна. Потоа прави уште едно навлегување со чета.
 
Во [[1897]] година, во [[Дупница]], заедно со 7 други млади Македонци го основа друштвото "[[Младост]]", коешто има за цел самообразование и дружење. Две години е претседател на друштвото.