Разлика помеѓу преработките на „Француска револуција“

с
нема опис на уредувањето
с
'''Француската револуција''' бил период на голема политичка и општествена промена во [[политичка историја|политичката историја]] на [[Франција]], но и на [[Европа]] во целина. Во неа, француската структура на власта, претходно [[апсолутна монархија]] со [[феудализам|феудални привилегии]] за [[аристократија]]та и [[Католицизам|католичкото]] [[свештенство]], претрпела радикална промена во форми инспирирани од [[Просветителство|просветителските]] идеали на [[република]], [[граѓанство]] и [[неотуѓиви права]]. Овие промени биле проследени со насилни немири, вклучувајќи и масовни егзекуции и репресија за време на таканареченото [[Владеење на Теророт]], како и со [[Француски револуционерни војни|француските револуционерни војни]], кои ќе зафатат голем дел од [[континентална Европа]], со создавање на краткотрајни француски клиентски држави ("[[сестрински држави]]") и менување на европските граници.
 
Една од причините за револуцијата е дека, пред 1789 година француското општество било поделено на [[сталеж]]и: сталеж на [[свештенство]]то, кој опфаќал околу 100.000 лица; сталеж на [[аристократија]]та (благородниците) - 400.000 лица, и сталеж на [[народ]]от составен од сите останати (околу 23 милиони луѓе). Сталежите на свештенството и на аристократијата не плаќале [[даноци]] и имале многубројни привилегии. Во сталежот на народот, пак, со текот на времето се развила силна [[буржоазија]] која сакала да има поголем удел во владеењето на земјата. Тоа довело до класен конфликт. Друга причина за револуцијата била финансиската криза во Франција. [[Луј XVI]] направил обид за излегување на земјата од кризата и вовел даноци и за свештенството и за аристократијата, и го свикал Сталешкото собрание. Сепак, ова не успеало да го смири третиот сталеж, кои се собрале во Салата за тенис во [[Версај]] и заколнале дека нема да се раздојуваат се додека не биде донесен Устав на Франција, на тој начин, било создадено [[Национално собрание (Франција)|Националното собрание]]. На [[26 август]] [[1789]] била донесена [[Декларација за правата на човекот и граѓанинот]], со која Французите се прогласиле за еднакви со своите права за слобода, сопственост и безбедност.
 
Се смета дека Француската револуција како историски период започнува во [[1789]] година, со состанокот на [[Национално собрание (Франција)|Националното собрание]] и освојувањето на [[Бастилја]], а завршува околу [[1799]], со државниот [[преврат на 18 бример]] ([[9 ноември|9]] - [[10 ноември]] 1799) од страна на [[Наполеон Бонапарта]]. Во следните 75 години, Франција ќе биде управувана како [[република]], [[диктатура]], [[уставна монархија]] и [[империја]]. Исто така, револуцијата ќе создаде трајна поделба помеѓу приврзаниците на револуционерните идеи и бранителите на стариот режим, помеѓу антиклерикалците и католичката црква.
 
Французите ја сметаат оваа револуција за најзначаен настан во нивната историја, и не случајно денешните републикански симболи се имаат појавено токму за време на револуционерниот период. Револуцијата ќе стави крај на [[крал]]скиот [[апсолутизам]], на поделеноста на [[сталеж]]и и на [[привилегија|привилегиите]]. Таа прогласува еднаквост на [[граѓанин|граѓаните]] пред законот и [[суверенитет]] на Нацијата, способна да се води себеси со пратеници избрани на слободни избрани.
97

уредувања