Разлика помеѓу преработките на „Јазично семејство“

 
Јазичното семејство може да биде поделено на помали филогенски единици, често наречени „гранки“ на семејството, бидејќи историски и традиционално јазичното семејство се претставува како [[Јазично стебло|дрво]]. Така на пример, [[турски јазици|турските јазици]], [[угро-фински јазици|угро-финските јазици]], [[монголски јазици|монголските јазици]] и [[Тунгуски јазици|тунгуските јазици]] се гранки на [[Уралски јазици|уралското јазично стебло]].
 
==Останата класификација ==
 
;Изолирани јазици
{{Main|Изолиран јазик}}
 
Повеќето од светските јазици се дел од едно од јазичните семејства. Тие јазици кои немаат сродни или поврзани јазици се наречени изолирани јазици. Изолираните јазици сочинуваат свое посебно јазично семејство. Таков изолиран јазик на пример е баскискиот јазик. Сепак и во рамките на едно јазично семејство има изолиран член, како што е ерменскиот јазик во индоевропските јазици. Општо гледано, јазичарите сметаат дека и изолираните јазици имаат сродни јазици, но временската разлика е толку голема што тешко е да се реставрира изумрениот сроден јазик.
 
;Јазичен контакт
{{Main|Мешани јазици|Креолски јазици}}
 
Мешаните јазици настануваат кога два јазика стапуваат во контакт и со тек на времето се добива нов јазик, кој е мешавина на двата природни јазика. Ваквите јазици се класифицираат во посебни семејства наречени мешани јазици или креолски јазици. Како пример за мешаните јазици се [[Хаитски јазик|хаитскиот креолски јазик]] или [[ток писин]].
 
== Распространетост ==