Јазично семејство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
 
Според податоците на [[Ethnologue]] од 2009 година, во светот има 6.909 живи јазици.<ref>[http://www.ethnologue.com/ "Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition"], accessed 08 June 2010, ISBN 978-1-55671-216-6</ref> Еден јазик се определува за „жив“ ако истиот се користи како основно средство за комуникација од одредена група на луѓе. Точниот број на живите јазици во светот варира од 5.000 до 10.000, во зависност од тоа што се подразбира под дефиницијата „јазик“ и како да се класифицираат дијалектите. Покрај живите јазици, постојат голем број на мртви и исчезнати јазици.
 
==Структура==
 
Едно јазично семејство е филогенска единица, што значи, сите членови потекнуваат еден заеднички предок и сите потомци од тој заеднички прајазик се вметнати во семејството. Сепак, секоја класификација на јазиците може да се нарече „семејство“. Така на пример имаме јазично семејство [[индоевропски јазици]], но и подгрупите на ова јазично семејство можат да се означат како семејства, односно, [[Словенски јазици|словенско јазично семејство]], [[германски јазици|германско јазично семејство]], [[Романски јазици|романско јазично семејство]] итн.
 
== Распространетост ==