Јане Сандански: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
StanProg (разговор | придонеси)
Ред 82:
== Во време на Младотурската револуција ==
[[Слика:Mladoturci.jpg.jpg|мини|десно|200п|Санданисти и младотурски офицери]]
[[Слика:Jane sandanski manifestJane_Sandanski_Manifest_1908.jpg|мини|десно|200п|Манифест од 18 јули 1908 година]]
 
По Рилскиот конгрес, целата дејност на Сандански се основа на неговата определба за самостојноста на Македонското ослободително движење. По расцепот на конгресот, влегува во контакт со Младотурскиот комитет. По [[Младотурска револуција|младотурската револуција]] се залага за автономна [[Македонија]] и легален политички живот. Во [[1908]] година се создава [[Македонско-одринска револуционерна организација]] (МОРО) претежно од дејци од „серската група“, кои агитираат низ цела Македонија за создавањето на новата организација. Во тоа време врз него е извршен атентат од страна на врховистот Тано Николов, при што е ранет. Поради тоа основачкиот конгрес на МОРО не се одржува. Нешто подоцна групите на Сандански и Чернопеев ја формираат Народната федеративна партија, во која зазема активно учество во создавањето и раководењето. Нејзината програма предвидувала [[Отоманска империја|Отоманската империја]] да се реформира како Источна федерација и да се образуваат самоуправни вилаети: [[Македонија]], [[Албанија]], [[Ерменија]]... [[1909]] година е извршен втори атентат врз него од страна на врховистите, при што исто така е лесно повреден. Извршители на овој атентат се Владо Сланков, Филип Атанасов и Михаил Чеков, а како организатори се споменуваат Димитар Ризов, бугарски дипломат родум од Битола и публицистот Никола Наумов од [[Штип]], кој постојано престојувал во Солун како дописник на Бугарската телеграфска агенција, секако со логистика на бугарските и австриските тајени служби.