Јане Сандански: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 87.119.122.1, вратено на последната верзија на Brest
StanProg (разговор | придонеси)
Ред 82:
== Во време на Младотурската револуција ==
[[Слика:Mladoturci.jpg.jpg|мини|десно|200п|Санданисти и младотурски офицери]]
[[Слика:Jane sandanski manifest.jpg|мини|десно|200п|Манифест од 18 јули 1908 година]]
 
По Рилскиот конгрес, целата дејност на Сандански се основа на неговата определба за самостојноста на Македонското ослободително движење. По расцепот на конгресот, влегува во контакт со Младотурскиот комитет. По [[Младотурска револуција|младотурската револуција]] се залага за автономна [[Македонија]] и легален политички живот. Во [[1908]] година се создава [[Македонско-одринска револуционерна организација]] (МОРО) претежно од дејци од „серската група“, кои агитираат низ цела Македонија за создавањето на новата организација. Во тоа време врз него е извршен атентат од страна на врховистот Тано Николов, при што е ранет. Поради тоа основачкиот конгрес на МОРО не се одржува. Нешто подоцна групите на Сандански и Чернопеев ја формираат Народната федеративна партија, во која зазема активно учество во создавањето и раководењето. Нејзината програма предвидувала [[Отоманска империја|Отоманската империја]] да се реформира како Источна федерација и да се образуваат самоуправни вилаети: [[Македонија]], [[Албанија]], [[Ерменија]]... [[1909]] година е извршен втори атентат врз него од страна на врховистите, при што исто така е лесно повреден. Извршители на овој атентат се Владо Сланков, Филип Атанасов и Михаил Чеков, а како организатори се споменуваат Димитар Ризов, бугарски дипломат родум од Битола и публицистот Никола Наумов од [[Штип]], кој постојано престојувал во Солун како дописник на Бугарската телеграфска агенција, секако со логистика на бугарските и австриските тајени служби.
Со своите единици учествува во задушувањето на реакциониот бунт во [[Цариград]] против младотурската власт. Познат е неговиот манифест од 3118 јули [[1908]] година ги поканува малдотурците за соработка „'' врз база на една платформа во која беа најважни барањата за решавање на аграрното прашање, за обласна самоуправа на Македонија во рамките на Отоманската империја како и водење борба со легални средства.''
 
==Учество во Балканските војни 1912-1913==