6.188
уредувања
== Историја на химната ==
[[Податотека:Himna na Makedonija-ukaz.gif|150px|right|thumb|Указ за химна на Македонија од 1992.]]
Химната на [[Македонија]] е напишана од македонскиот автор [[Владо Малески]], во [[1941]] година а за прв пат се изведува на пречекот на новата [[1942]] година во [[Струга]] во куќата на [[Сотир Шута]]. Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.<ref>[http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=5.htm Културно наследство на Струга]</ref>
За овој настан Малески ќе рече:
{{Quotation|„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“|Никола Кочоски<ref>[http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=5.htm Културно наследство на Струга]</ref>}}
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во [[1941]] година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „...
Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,<ref>Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 40 стр.</ref> односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.
Кога се официјализирала химната во [[1992]] година, меѓу предлозите ја немало изворната химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8D4E2A2A3F64A5479BE1236EF940FF2E&arc=1 По Републиката, Карев ја загуби и химната]</ref> За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: [[Никола Бадев]], [[Васка Илиева]] и [[Александар Сариевски]].
{{Quotation|„Малески рече дека таа строфа гласи: „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушовската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“. Интересно е што тука го нема името на Даме Груев“.|Симо Младеновски<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8D4E2A2A3F64A5479BE1236EF940FF2E&arc=1 „По Републиката, Карев ја загуби и химната“]</ref>}}
|