Народно собрание на Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Иван (разговор | придонеси)
не врши избори за претседател на републиката
Ред 2:
 
__TOC__
Народното собрание е единствен законодавен орган во Република [[Бугарија]]. Собранието се формира со третата глава на бугарскиот [[Устав]] од [[1991]] г. (од чл. 62 до чл. 91). Во Република [[Бугарија]] НС е врховен претставнички орган на државната власт, кој што ја претставува волјата на народот и неговиот [[суверенитет]]. Се состои од 240 народни пратеници, а Големото (Великото) народно собрание од 400 пратеници избрани на општо, рамно и преку избирачко право со тајно гласање за рок од 4 г. Од својот состав избира претседател на парламентот, заменик-претседател на парламентот и парламентарни комисии. Народното собрание е постојано-дејствувачки орган. Собранието ја врши законодавната власт и парламентарната контрола. Народното собрание ги донесува, изменува, дополнува и менува [[закон]]ите, го донесува државниот буџет, ги определува даноците и нивниот размер, врши избори за [[претседател]] на републиката, донесува одлуки за распишување на национален референдум, избира министер-претседател и по негови предлози [[Министерски совет на Република Бугарија|Министерскиот совет]], создава, преобразува и закрива министерства (по предлози на министер-претседателот), ги избира раководителите на [[Бугарска Народна Банка|Бугарската Народна Банка]] и на други институции определени со закон, да одлучува за војна и мир, да одлучува за воена или друга вонредна состојба по предлози на претседателот или на Министерскиот совет, дава [[амнестија]], распишува ордени и медали, одлучува за официјалните празници и така натаму. Народното собрание ги ратификува и денонсира предвидените во Уставот на Република Бугарија меѓународни договори. Донесува закони, одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.
 
== Парламенти ==