Избришана содржина Додадена содржина
Ред 20:
:Да, дефинитивно. Оваа џамија некогаш била дел од самата чаршија и ќе ја додадам. Друга работа која ме интересира и би сакал да ја вметнам, иако се наоѓа во близина на чаршијата е [[Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје|црквата „Рождество на Пресвета Богородица“]]. Се споменува и во историјата на чаршијата дека некогаш и на нејзиниот простор бил проширен трговскиот дел од градот, па проади тоа сметам дека треба да се додаде. Ти што мислиш? Позз.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 11:42, 11 февруари 2012 (CET)
::Султан-муратовата џамија, Саат-кулата и Иса-беговата џамија ги додадов, бидејќи на псросторот на којшто се наоѓаат се наоѓал манастир кој организирал панаѓур на просторот на Бит-пазар, па всушност на тој начин и настанала чаршијата. Освен тоа, во нејзините денешни граници, чаршијата е некако отсечена со булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков. Чаршијата така како што е позната денес образувала целина со ридот на кој се наоѓа Султан-муратовата џамија, а од нејзината јужна страна започнувала од Камениот мост и на почетокот на 20. век дури делумно се наоѓала и на десниот брег на Вардар. За калето, неговиот источен дел се наоѓал во чаршијата, па затоа е и вклучено. Значи, во некоја поширока целина, од постоечките градби би можеле да ги вклучиме црквата „Св. Богородица“ и џамиите Јаја-паша и Хатанџук (иако мислам дека немаат некое значење во врска со џамијата), додека од разрушените треба да се направи цел список и да се размисли кои треба да се вклучат, а кои не. Ќе ја прашам и Василка ако може да ни помогне. Позз.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 13:17, 11 февруари 2012 (CET)
:: Од она што сѐ уште постои како факти, а било во рамките на стариот град на Скопје во статијата треба да се додадат: Еврејското маало, Шенѓул амамот и Скопското кулие. Кога веќе се вклучени 2 музеја во статијата, тогаш можеби треба да се размисли да се вклучат и новите музеи покрај Вардар, а ако сте одлучиле да ја додадете црквата Св. Богородица, тогаш тука се и зградата на новата Филхармонија, како и на МОБ. Тоа повлекува дека треба да се напише нешто и за Пајко Маало во кое сите тие егзистирале. Од некои стари религиозни и профани објекти, особено од отоманската архитектура, останати се одредени архитектонски остатоци во овој дел од градот, а постојат историски засписи за уште стотици такви. Она што го знаеме денеска како Стара Скопска чаршија има една територијална граница, но со додавањето на објекти надвор од неа повеќе реферирате на локацијата на она што некогаш било старо Скопје во одредена временска делница. Треба да одлучите во кој правец би се одвивало понатамошното разгранување на статијата, дали треба да се подели можеби во две или повеќе статии кои би биле насловени како Скопје во 15 век, Скопје во 16 век итн.-- ([[User:Arwena|Arwena]] <small>([[User talk:Arwena|разговор]])</small> 18:04, 11 февруари 2012 (CET))