Јужен Поларник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{напласти|
{{stack|
[[Податотека:World map with antarctic circle.svg|thumb|350px|Јужниот поларен круг на карта на светот.]]
[[Податотека:Antarctic circle.svg|thumb|350px|Карта на [[Антарктик]]от со јужниот поларен круг (сино).]]
Ред 8:
Подрачјето јужно од јужниот поларен круг се нарекува [[Антарктик]], а подрачјето веднаш на север е [[умерена клима|јужниот умерен појас]]. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува [[северен поларен круг]] (арктички круг).
 
Секое место јужно од јужниот поларен круг има барем по еден ден во годината со [[полноќно сонце|24-часовна дневна светлина]] и уште еден со [[поларна ноќ|24-часовна ноќ]]. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларниот круг ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот [[сонцестој]]. Ова се должи на тоа што Земјината оска е [[осен наклон|наклонета]] за 23,5 [[степен (агол)|степени]] во однос на [[еклиптика]]та (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на [[сонцестој|јужниот зимски сонцестој]], [[јужна полутопка|јужната полутопка]] е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При [[сонцестој|јужниот летен сонцестој]], јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.
 
Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, [[привидение|привиденијата]] и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.