Хуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с поправка на правопис
Ред 17:
== Атила и хунските пустошења по Балканот ==
 
По смртта на Руа, на чело на власта во Хунскиот племенски сојуз дошле [[Атила]] и Блида, синовите на Мундиох. Во тие тешки времеињавремиња со [[Византија]] сеуште владеел царот [[Теодосиј II]], кој војувал на две страни: на запад со Вандалите во Африка и на исток со Сасанидите кои ја нападнале Ерменија во 441 година. Оваа зафатеност на византискиот крал им овозможила на Атила и Блида во 441 година да навлезат во Илирик и централните делови на Балканскиот полуостров. Хунската војска ги опустошила Маргус и Виминацијум, а ги завзела и Сингидунум и Сирмиум пред да го стопираат продорот. Настапило затишје во 442 година, решавајќи да го искориси тоа Теодосиј II ја отповикал својата војска назад од боиштето во Северна Африка и наредил ковање на голем број монети за да можел да ја финансира војната со Хуните. Откако се подготвил, Царот решил повеќе да не преговара со Атила и да ги прекине сите постоечки договори. Атила на тоа одговорил со обнувување на походот во 443-та година. Хуните го опседнале Наисус, а потоа продолжиле долж реката Нишава и ги завземале Сердика, Филипол и Аркадиопол. Византиските војски биле победени пред Костантинопол, но поради недостаток на опсадна опрема не успеал да го завземе градот. Теодосиј II го признал поразот и го испратил својот дворски пратеник Анатолиј да преговара за условите за мир, кои биле пооштри од претходните: царот се сложил да плати 6000 фунти злато поради непочитување на договорот и секоја година да дава данок во изност од 2100 фунти злато . Во 445 година Атила го ликвидирал својот брат Блида и продолжил да владее самостојно.
Во 447-та година Атила повторно тргнал на југ преку Мизија. Римската војска предводена од Арнегисклус се сретнала со Хуните кај реката Вид и била поразена, но им нанесла тешки загуби на Хуните. Немајќи војска пред себе, Хуните успеале да се пробијат до Термопилите. Самиот Константинопол го спасил перфектот Флавије Константин кој ја организирал обновата на Теодосиевиот ѕид, кој претходно бил оштетен од земјотрес, а на некои места биле изградени и нови утврдувања. Атила како услов за мир барал Византијците да продолжат да го плаќаат данокот што тој им го наложил и да ја повлечат византиската војска од пограничните територии со Хунскиот племенски сојуз. Преговорите траеле околу 3 години. На хунскиот двор во 448 година бил испратен византискиот пратеник Прист. Тој повеќе пати со својата дипломатска активност успевал да го разубеди Атила во намерата да ги продолжи своите ограбувања и освојувања на територијата на Источното Римско царство. Но за жал поголемиот број од неговите историски дела се зачувани само во фрагменти.
Балканскиот полуостров бил сосема уништен, а финансиската моќа на Византија исцрпена кога Атила најпосле тргнал на запад. При навлегувањето во Галија, меѓутоа тој бил поразен од страна на западно римскиот војсководец [[Аециј]] во битката кај [[Каталунските полиња]] (451). Идната година Хуните страотно ја ограбиле [[Италија]], но веќе во 453 година Атила ненадејно умрел, па неговото огромно царство се распаднало.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хуни